Во Василево асфалтирани четири улици

naslov

Во општинскиот центар Василево, локалната самоуправа асфалтираше четири улици,чија изградба според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, е планирана  со Прорамата за локални патишта и улици за 2020 години, а како приоритет се одбрани од граѓаните на ова населено место на една од непосредните средби со градоначалникот. Улиците се на различни локации, со  различни должини и ширини кои зависат од условите на теренот и местоположбата. Вкупната должина изнесува 420 метри, а буџетот во износ од околу 1 200 000 денари е обезбеден од општинската каса. Следни  на ред за асфалтирање од минатогодишната Програма се двете планирани улици во населеното место Пиперево, каде градежната компанија Пешо онженеринг,  која  ги изведува работите на терен, врши подготовка на трасата.

Според информацијата споделена на оппштинскиот ФБ профил, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan,од страна на градоначалникот Јанев во периодот што следува, во Василево  ќе се асфалтира и улицата која води од училиштето кон отворениот канал со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски на РСМакедонија. Јанев исто така најави дека во моментот се подготвува техничката документација за објавување на јавна набавка за избор на градежна компанија за изградба на улици од Програмата за локални патишта и улици за 2021 година во сите населени места на општина Василево.

1

2

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail