Асфалтирани улици во населеното место Седларци

naslov

Локалната самоуправа Василево асфалтираше улици во населеното место Седларци. Станува збор за три помали улички  со должина од 75, 47 и 35 метри, за кои како што информира градоначалникот на општина Василево преку ФБ профилот на општината, улици за кои приоритет дадоа самите граѓани на средбите што тој ги има одржано во населените места токму со цел планирање и реализација на приоритетни активности по избор на самите граѓани на секое населено место. Улиците се реализираат со средства обезбедени од Буџетот на општина Василево, а изведувач на работите на терен е градежната компанија Пешо Инжинеринг. Овие улици се од Програмата за изградба на улици и патишта за 2020 година.

Како што информира градоначалникот Јанев, општинската администрација истовремено  подготвува документација за објава на јавна набавка за изградба на улици од Програмата за 2021 година кои ќе бидат изградени во текот на летниот период.

2

47 m.

75(1)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail