Нормализирано водоснабдувањето во Василево, Ангелци и Градашорци

вода

ЈПКД „Турија“, Василево ги известува граѓаните од населените места Василево, Ангелци и Градашорци, дека состојбата со водоснабдувањето е нормализирана, поради што и покрај вчерашната најава за рестрикции, водоснабдувањето  денес ќе се одвива нормално и без прекин.

Од ЈПКД „Турија“  упатуваат апел до водокорисниците за најрационално користење на водата со цел во текот на овој период, на високи надворешни температури, да се обезбеди оптимално снабдување на сите корисници.

За секоја новонастаната состојба  граѓаните ќе бидат благовремено информирани.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail