Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

meanizam-za-zalbi-3001

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Василево аплицираше со три проекти:

  1. Реконструкција и ревиталитализација на локален пат од Ново Владевци до Старо Владевци со должина од 1,741,0м,
  2.  Изградба на улица во село Градошорцисо должина од 432,0м, и
  3. Реконструкција на Улица во Василево покрај канал за наводнување со должина од 420,0м.

Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Василево пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи, кои се однесуваат на трите проекти и истите ќе останат објавени на официјалната веб страна на Општина Василево сѐ до завршувањето и затворањето на проектот.

Механизам за жалби и поплаки

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail