Одбележан историски настан кај Радичево

DSC_0539_1280x851

Денес, општина Василево во соработка со Општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во населеното место Радичево, ја одбележа 80 годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

За случувањата од пред точно 80 години беше прочитан реферат, преку кој им се оддава почит на организаторите на средбата од 19.07.1941година година и се негува споменот за времето,  настаните и луѓето чие дело денес се чевствуваше.

Пред спомен плочата се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од Општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш и делегација од општина Василево.

DSC_0528_1280x851

DSC_0534_1280x851

DSC_0538_1280x851

DSC_0539_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail