Дневен ред за четириесет и седмата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 29.07.2021 година(четврток) со почеток во 12,00 часот,Советот на општина Василево ќе ја одржи четириесет и седмата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Кваратален извештај за извршување на Буџетот за 2021 година за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 год. (К-1);
  2. Кваратален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 год. (К-2);
  3. Кваратален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 год. (К-3);
  4. Предлог-стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на општина Василево за периодот 2021-2026 год.
  5. Давање согласност на Годишен план за вработување на општина Василево за 2022 год.
  6. Предлог-одлука за формирање Општински совет за Социјална заштита;
  7. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (Ребаланс) за 2021 година;
  8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2021 година;
  9. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2021 година;
  10. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  11. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Мустафов Илми од с. Градашорци;
  12. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за прво полугодие за 2021 година од 01.01.2021 до 30.06.2021 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево со почеток во 12,00 часот.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail