Советот на општина Василево ја одржа 47-та седница

naslov

На денешната редовна 47-ма седници, Советот на општина Василево го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Василево за вториот квартал односно за периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година.

Според информацијата доставена од Одделението за финансии во општина Василево, реализацијата изнесува 42,15%  или од планирани 166 364 921 ден. реализирани се 70 117 507 денари. Оваа реализација е за Буџетот на општина Василево цклучетелно со буџетите на единките корисници, основните општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“ Нова Маала и детската градинка „Прва радост“; Василево.

Реализацијата кај Основниот Буџет пак изнесува 37, 91 % или од планирани 83 420 000 денари реализирани се 31 620 796 денари.

Усвоен беше и предложениот Ребаланс на Буџетот на општина Василево, кој претрпе зголемување од 16 455 000 енари, кое според образложението дадено од претставникот од одделението за финасии на општина Василево се должи на средствата одобрени од Бирото за регионален развој со намена за Реконструкција, Санација и адаптација на постојниот објект на Домот на културата во Василево и Реконструкција на улица во Василево од црквата до училиштето, како и за финансирање на изборните активности за престојните локални избори.

Одобрен беше и Финансискиот извештај за на ЈПКД„Турија“, Василево за првото полугодие. Според Извештајот ЈПКД Турија во првото полугодие од годинава покажува позитивен финансиски резултат односно добивка од работењето во износ од 339 091 денари.

На денешниот дневен ред за работа на Советот беа и неколку предлози за измена и дополнување на дел од Програмите за 2021 година и тоа на Програмата за изработка на урбанистички планови, Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици и Програмата за локален економски развој.

Позитивно мислење добија и Предлог-стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на општина Василево за периодот 2021-2026 год., Годишниот план за вработување на општина Василево за 2022 година, Одлука за формирање Општински совет за Социјална заштита како и

Одлуката за користење на Процена на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево која на денешната седница беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред.

Советниците позитивно одговорија и на барањето за финансиска помош кое беше доставено до нив.

DSC_0550_1280x851

DSC_0553_1280x851

DSC_0562_1280x851

DSC_0563_1280x851

DSC_0568_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail