Јавен повик за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа

LOGO, Opstina Vasilevo

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Василево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско-корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2021 година објавува Јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа.

Пријавите се поднесуваат во Агенцијата за вработување, Струмица.

Крајниот рок за поднесување на Пријавите е 13.08.2021 година до 14,00 часот.

Детални информации можат да се добијат во општина Василево, кај одговорното лице Митко Јанев, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот, во Агенцијата за вработување – Центар за вработување, Струмица кај лицето Ефче Димова и во Центарот за социјална работа, Струмица кај лицето Елисавета Јајналиева.

Во продолжение е интегралниот текст на Јавниот повик за вклучување во Програмата за општинско-корисна работа.

 Јавен повик

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail