Општина Василево потпиша Договор за средства од ТАВ Програмата

1

Денес градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  заедно со колегите градоначалници од другите општини ги потпишаа Договорите за финансиски средства од  ТАВ Програмата.

Општина Василево  согласно Договорот обезбеди 26 000 000  денари,  средства со кои е планирано финансирање  на изградбата на водоснабдителен систем за населените места Дукатино и Требичино.

„Упатувам благодарност до Владата на РСМакедонија за  отстапените средства , кои за нас како општина значат инвестиција и  развој а за жителите на населените места во кои ќе се инвестира подобрување на секојдневните услови за живот“,информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по денешното потпишување на Договорот со кој Владата на РСМакедонија на општина Василево и одобри средства за изградба на систем за водоснабдување на селата Дукатино и Требичино.

Во рамки на проектот ќе се изврши комплетна реконструкција и проширување на зафатот каде што е изворот за поголемо количество на вода, изградба на два нови резервоари за филтрирање на водата и поставување на комплетно нова водоводна линија од изворот до двете наслени места и поставување на нова секундарна водоводна линија во селата односно до секое домаќинство.

1

2

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail