Состанок на Општинскиот кризен штаб, Василево

2

Денес, општинскиот кризен штаб,  Василево, под раководство на градоначалникот на општината Марјан Јанев, одржа заеднички состанок со претставници на ПШС Беласица Струмица, СВР Струмица, Дирекција за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ТППЕ Струмица и ЈПКД Турија, поради  пожарот во атарот на село Нивичино кој се  шири кон теренот на Берово.

Екипи од ТППЕ Струмица, ЕЛС Василево и ПШС Беласица Струмица беа на терен со цел да ја смират огнената стихија.

Во текот на предвечерието на вчерашниот ден Градоначалникот на општина Василево заедно со претставник од СВР Струмица, извршија увид на местото на пожарот и заради непристапноста на теренот за противпожарни и теренски возила, на денешниот состанок се донесени  следниве заклучоци:

-Потребно е дејство на армиски хелихоптер во текот на утрешниот ден во раните утрински часови

-Одговорно лице за координирање на активностите околу гасење на пожарот и дејството од воздух ќе биде лице од ТППЕ Струмица

-Постојана комуникација и координација со ангажираните сили и средства од општина Берово и шумско стопанство од Берово

-На местото на пожарот присутните лица ќе бидат ангажирани за правење на пресеци и други дејства од раководителот на акцијата за гасење на пожарот

-Во гасењето на пожарот ќе се вклучат сили од следниве институции: ЕЛС Василево, ПШС Беласица Струмица, ТППЕ Струмица, СВР Струмица, Ловно друштво Фазан Василево и месното население.

4

2

3

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail