Потпишан Договор за реконструкција на улица во с.Василево

наслов

Општина Василево и градежната компанија  Евроградба-Инжинеринг потпишаа Договор за реконструкција на улица во с. Василево која води од  црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев,  во должина од 720 метри.

„После објавената јавна набавка најповолна цена понуди градежната компанија ДГТУ Евроградба-Инжинеринг Дооел с. Владиевци и истата ќе биде воведена во работа во текот на утрешниот ден и врз основа на консултациите направени со истата фирма изградбата ќе почне во текот на овој месец август“, информираша општина Василево преку општинската ФБ страна.

Вредноста за реконструкција на улицата изнесува околу 6.490.389 денари, од кои околу 2.000.000 денари се обезбедени од БРР и Владата на РСМ, а остатокот од Буџетот на општина Василево со одлука на советот на општина Василево.

„После реконструкција на двете главни улици и тоа улицата од пошта до црква, улицата од пошта до повеќенаменско игралиште и голем број на локални улици во Василево, врз основа на приоритетите дадени од граѓаните ќе се реконструира и оваа улица во должина од 720 метри која ќе опфати и решение одведување на атмосферските води.

Почеток на септември ќе се гради и улицата во канал маала со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски и Владата на РСМ.

На овој начин продолжуваме да ја подобруваме локалната патна инфраструктура а со тоа го подобруваме пристапот на граѓаните до своите домови а истовремено и пристапот на најмладите до училиштето.

Наредните денови ќе се објави и јавна набавка за изградба на нови локални улици во Василево и останатите населени места во општина Василево од програмата за 2021 година“, стои во информацијата споделена на општинската ФБ страна: https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan

5

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail