Во Добрашинци ќе се асфалтира улица од 175 метри

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев преку општинската ФБ страна,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, го најави асфалтирањето на улица во населеното место Добрашинци, во должина од 175 метри. Буџетот за изградба на оваа улица изнесува околу 630 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

„Се работи на подготовка на земјиштето, односно рамнење и тампонирање. Улицата која е во должина од околу 175 метри и се наоѓа веднаш покрај продавницата на Ило Цонев, ќе се асфалтира наредните денови заедно со улиците во Нова Маала и Чанаклија“, информираше градоначалникот Јанев.

Оваа улица е од Програмата з за изградба на улици за 2020 година.

Градоначалникот најави реализација на уште две улици во ова населено место, кои се планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2021 година.

3

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail