Започна реконструкцијата на улицата од црква до ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

5

Општина Василево започна со градежни активности за реконструкција на улицата од цркваата Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Делчеев“, во населеното место  Василево, во должина од 720 метри.

Активностите опфаќаат целосна реконструкција на постојната коловозна лента, нејзино асфалтирање и изградба на отворен канал за прибирање на атмосферските води.

Вкупиот буџет за реализација на планираните активности изнесува околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди од Владата на РСМакедонија, преку Бирото за регионален развој и околу 4,5 милиони од сопствени извори на приходи.

Согласно Договорот со изведувачот, градежната компанија, Евроградба Инженеринг, рокот за изведба на активностите е 120 дена.

Како што информираше градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев, преку ФБ страната на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan,  „После реконструкција на двете главни улици и тоа улицата од пошта до црква, улицата од пошта до повеќенаменско игралиште и голем број на локални улици во Василево, врз основа на приоритетите дадени од граѓаните ќе се реконструира и оваа улица во должина од 720 метри која ќе опфати и решение одведување на атмосферските води. На овој начин продолжуваме да ја подобруваме локалната патна инфраструктура а со тоа го подобруваме пристапот на граѓаните до своите домови а истовремено пристапот на најмладите до училиштето“.

Градоначалникот Јанев, ја најави и скорешната изградба на нови локални улици во Василево и населените места во општиата кои се планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални опатишта и улици за 2021 година.

3

5

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail