Општина Василево започна со реконструкција на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

naslov

Општина Василево, започна со градежни активности за реконструкција и ревитализација  на локалниот патен правец Ново Владевци – Старо Владевци во должина од околу 2 км. Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од Светска Банка, преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

„Како градоначалник на општина Василево секогаш работиме плански, домаќински и одговорно. Во изминатиот период посебно внимание обративме на локалната патна инфраструктура. Локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци беше даден како приоритет од граѓаните на населеното место Владевци и еве денес започнуваме со градежни активности односно со реконструкција и ревитализација на истиот. Вредноста на овој проект изнесува околу 20 000 000 денари, средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски, Владата на РСМ и Светска банка“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев преку социјалната мрежа ФБ, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan

Изградбата на овој локален пат е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2020 година  како и со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2021 година.

Изведбата на проектот е во рамки на програмата Проекти за поврзување на локални патишта –П 170267 Тендер 2 – LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.2

Целокупната постапка околу изборот на изведувач на градежните работи се оддвиваше преку министерството за транспорт и врски на РСМакедонија.

 2

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail