Граѓаните од Чанаклија добија две асфалтирани улици

naslov

Денес, градежната компанија Пешо инженеринг, ангажирана од општина Василево, асфалтираше во населеното место Чанаклија. Асфалтирани беа двете улици, планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици  во општина Василево за 2020 година. Улиците се во должина од 100 и 115 метри и ширина од околу 4 метри, која на места варира во зависност од состојбата  на теренот. Вкупниот буџет изнесува 820 000 денари или 370 000 денари за едната и 450 000 денари за другата улица. Средствата се обезбедени од општинската каса.

Како што најави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, преку социјалата мрежа ФБ,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, во наредниот период во ова а и во другите населени места на општина Василево, ќе се работат улиците планирани со Програмата за тековната 2021 година.

2

3

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail