Во Нова Маала асфалтирана улицата кон гробиштата

naslov

Во населеното место Нова Маала, денес беше асфалтирана улицата која води кон гробиштата, во должина од 240 метри и ширина од околу 3,5 метри. Локалната самоуправа Василево,  Буџетот за изградба на оваа улица во износ од околу 950 000 денари  го има обезбедено од сопствените извори на приходи.

Изградбата на оваа улица беше планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Всилево за 2020 година.

Изведувач на градежните работи на терен е Пешо инженеринг, компанија која како најповолен понудувач е изведувач на сите улици планирани со Програмата за 2020 година.

5

9

10

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail