Асфалтирана улица во село Едрениково

naslov

Локалната самоуправа Василево, во населеното место Едрениково ја асфалтираше улицата што води кон гробиштата. Улицата е во должина од 120 метри и ширина од околу 3,5 метри. Заради справување со атмосферскире води и заштита на асфалтот, изграден е и бетонски плочест пропуст, со што ќе се оневозможи прелевање на атмосферската води по и околу асфалтаната лента и нејзино насочување во каналот покрај патот.

Средствата за оваа улица во висина од околу 390 000 денари се обезбедени од општинскиот Буџет. Изведувач на градежните активности на терен е Пешо инженеринг, компанија која како најповолен понудувач беше избрана на јавниот повик за реализација на повеќе улици од Програмата за изградба, уредување и  реконструкција и на локални патишта и улици за 2020 година.

Улицата во село Едрениково беше планирана за изградба токму со оваа Програма за 2020 година.

1

6

realizirani

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail