Општина Василево асфалтираше во Чифлик Маало во Градашорци

naslov

Локалната патна инфраструктура во населеното место Градашорци од денес е збогатена за уште една асфалтирана улица. Општина Василево асфалтираше улица во должина од 180 метри и ширина од околу 3,5 метри лоцирана во Чифлик Маало. Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2021 година. Средствата во износ од околу 640 000 денари, општината ги има обезбедено од сопствени извори на приходи. Изведувач на работите на терен е градежната компанија Бони Интеградба, која на отворениот јавен повик достави најповолна понуда. Подобрувањето на локалната патна инфраструктура и понатаму останува еден од врвните приоритети на  локалната самоуправа.

1

2

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail