Асфалтирани неколку улици во Ангелци

naslov

Во населеното место Ангелци, градежната компанија  Бони Интерградба,  ангажирана од општина Василево изврши асфалтирање на  улиците чија реализација беше планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2021 година.

Улиците се со различни должини и на различни локации за кои приоритетите се дадени од граѓаните на ова населено место.

Двете улици се во должина од по 45 метри , а ширините варираат во зависност од условите на теренот и локацијата на улиците.  Другите две, се со должина од по 75 метри, а што се однесува до ширината и кај нив варира од условите на теренот.

Вкупниот Буџет за сите улици изнесува околу 950 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, споделена на општинската ФБ страна,  https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, во наредниот период, локалната смоуправа ќе продолжи со асфалтирање и во другите населени места на општина Василево.

5

7

10

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail