Tuesday, 19 March 2024

Надлежности

Според член 21 од Статутот на општина Василево (“Службен гласник на ОВ”) и Статутот за измена и дополнување на Статутот на општина Василево (“Службен гласник на ОВ” бр.08/06), Советот на општина Василево е надлежен да:

1. Донесува Статут на општината;
2. Донесува Деловник на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на општината.
5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;
6. Донесува урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место
7. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
8. Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;
9. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
10. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со национална програма;
11. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
12. Донесува Програма за јавно осветлување;
13. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
14. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;
15. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и другите јавни површини од локално значење;
16. Донесува Програма за одржување на гробиштата;
17. Донесува Програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;
18. Донесува Одлука за јавна чистота;
19. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
20. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
21. Донесува Одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;
22. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
23. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење;
24. Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
25. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
26. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
27. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основала;
28. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала;
29. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
30. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала;
31. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
32. Одлучува за начинот за вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината, во согласност со закон;
33. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
34. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот Правобранител;
35. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
36. Избира и разрешува претседател на Советот;
37. Формира постојни и повремени комисии;
38. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;
39. Востановува општински признанија и награди;
40. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;
41. Врши други избори и именувања од своја надлежност;
42. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;
43. Врши и други работи.