Како до лиценца за општински линиски превоз на патници

Висината на надоместокот за добивање лиценца за вршење на линиски превоз на патници за подрачјето на општина Василево изнесува:
-за издавање лиценца во оригинал………………………………………..6.000,00 ден.
– за издавање заверен препис на лиценца………………………………..500,00 ден.
Висината на надоместок за добивање лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници за подрачјето на општина Василево
– за издавање лиценца во оригинал……………………………………….4.000,00 ден.
– за издавање заверен препис на лиценца………………………………..500,00 ден.
Надоместокот го плаќаат превозниците при поднесувањето на барањето за добивање на лиценца.

Правно или физичко лице (превозник) може да врши превоз на патници врз основа на лиценца. Превозникот поднесува барање за добивање лиценца до Градоначалникот на Општината. Кон барањето превозникот е должен да приложи писмни докази за исполнување на следните услови:
– да е впишано во трговскиот регистар за вршење превоз во патниот сообраќај (документи од Основен суд – Штип);
– да има решение за врШење на претежна дејност за превоз на патници (Решение од Државен завод за статистика-Скопје);
– да е сопственик на едно или повеќе возила (сообраќајна дозвола);
– возилата да ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови (потврда од станица за технички преглед);
– да има вработено возачи во зависност од бројот на моторните возила (обрасци М-1/М-2);
– да има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата или доказ за користење на таков капацитет со рок на важење од најмалку четири години (поседовен лист или договор за закуп и изјава);
– во возилото да има вградено фискален апарат,
– да има уплатено административна такса.
Лиценцата се издава на име на превозникот и не може да се пренесе на друг превозник.
Лиценцата се издава со период на важење од четири годиони;