Администрација

Кодекс за административни службеници

Контакти

Одлука заутврдување на вредност на бодот на платите на административните службеници за 2024 г.
Одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на административните службеници за 2023 г.
Одлука за утврдување на бодот за платитре на админастративните службеници за 2022 г.

Нето плати на вработени во општина Василево

Заради успешно извршување на работите од надлежност на општината, општинската админитрација е е организирана во одделенија кои ги вршат следните надлежности:

  1. Одделение за нормативно-правни работи,општи работи и управување со човечки ресурси ги врши следните работи:
    – ги проучува законите и подзаконските акти во надлежност на локалната самоуправа,
    – подготвува одлуки и други општи и конкретни акти во надлежност на Советот и Градоначалникот,
    – ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите комисии,
    – дава мислење на актите од аспект на нивната законитост,
    – врши стручни работи за Советот и Градоначалникот,
    – изработува годишна програма за работа на одделението,
    – доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон,
    – изготвува службен гласник на општината,
    – ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување односно предавање во Државниот архив на Република Северна Македонија,
    – изготвува и реализира прописи од областа на образованието,
    – изготвува и реализира прописи од областа на културата, поддршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, организирање на културни манифестации,
    – изготвува и реализира прописи од областа наспортот и рекреацијата, развој на масовниот спорт и рекреативни активности, организирање спортски приредби и манифестации, поддршка на спортски сојузи,
    – изготвува и реализира прописи од областа на здравствената заштита,
    – изготвува и реализира прописи од областа на социјалната заштита и заштитата на децата,
    – изготвува и реализира прописи од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра,
    – врши работи од облата на противпожарната заштита
    – изработува годишна програма за работа на одделението,
    – се грижи за правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси,
    – остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган,
    – учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените,
    – го следи развојот на организациската култура во органот,
    – советува и соработува со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките рењсурси,
    – го пишува Предлог-правилникот за систематизација на работните места во органот,
    – изработува прашања за посебниот дел од стручниот и приправничкиот испит,
    – ги подготвува образците за оценување на државните службеници во општинската администарција,
    – спроведува анализа за потреби од обука на државните службеници,
    – изработува Нацрт-годишна програма за обука на државните службеници,
    – ја следи примената на Етичкиот кодекс на државните службеници и по потреба изработува извештаи,
    – води лични досиеа и ги одржува базата на податоци за државните службеници и доставува известувања за настанатите промени во регистарот на државните службеници,
    – го остварува начелото н јавност и транспарентност во работењето на органите на општината,
    – води протокол за потребите на органите на општината,
    – врши информирање на граѓаните и овозможува слободен пристап на информации од јавен карактер; прима и постапува шпо усни и писмени претставки на граѓаните,
    – координирање, организирање и подобрување на соработката помежу невладините организации и локалната самоуправа,
    – врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот.
  2. Одделение за финансиски прашања ги врши следните работи:
    – ги проучува законите и подзаконските акти и прописи од областа на буџетското и материјално-финансиското работење,
    – изработува Буџет и ја следи неговата реализација,
    – изработува Годишна завршна сметка за извршување на Буџетот на општината,
    – изготвување на финансиски план за извршување на Буџетот за општината и за единките корисници на општината,
    – изработува квартален финансиски извештај за извршување на Буџетот за тековната година,
    – изработува годишна програма на одделението,
    – проучува и реализира прописи од областа на финансиско-материјалното, сметководственото и книговодствено работење како и други општи и поединечни акти,
    – врши управување, следење и контрола на на состојбата на движењето на средствата и ивотите на срества на општината утврдени со Буџетот, подготовка на стратешки план на општината,
    – измена и дополнување на Буџетот и стратегискиот план на општината,
    – контрола на подготовката и извршувањето на Буџетот,
    – спроведување на ex-ante и ex-post финансиска контрола,
    – подготовка, примање, локвидирање и контрола на сметководствената документација,
    – благајничко работење,
    – врши планирање на приходи нивно утврдување и наплата,
    – изготвува прегледи, исплаќање плата и надоместоци и нивна евиденција,
    – примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки,
    – следењето и согледувањето на потребите од набавки во опшѕината,
    – изготвува годишен план за јавни набавки и негова реализација,
    – дава стручна и техничка помош на комисијата за јавни набавки, водење на евиденција и документација во врска со јавните набавки,
    – изготвува одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот од областа на трговијата , занаетчиството, туризмот и угостителството,,
    – врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот
  3. Одделение за комунални работи,уредување на градежно земјиште и локален економски развој, ги врши следните работи:
    – ги проучува законските и подзаконските акти од областа на комуналните дејности и градежното земјиште и истите ги применува,
    – изработува годишна програма на одделението како составен дел од Програмата на органот,
    – ги реализира прописите во комуналните дејности, снабдување со вода за пиење, обработка и испорака на технолошка вода, одведување и прочистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, одржување на јавната чистота, одржување и користење на паркови, собирање, транспорт и депонирање на цврст и технолошки отпад, снабдување со електрична енергија,
    – одржување на јавни сообраќајни површини,
    – врши работи во врска со изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта и улици,
    – уредување и организирање на јавното осветлување,
    – регулација, одржување и користење на каналите,
    – изготвува и реализира прописи од областа на патниот сообраќај, линиски превоз на патници, авто такси превоз, паркирање, регулирање на режимот на сообраќај,
    – изградба и одржување на сообраќајна сиглнализација,
    – уредување на градежно земјиште,
    – определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, води регистар согласно со закон,
    – изготвува планови за локален економски развој,
    – изготвува одлуки и дриги општи и конкретни работи од надлежност на Советот и Градоначалникот од областа на економскиот развој,
    – иницира утврдување на развојни и структурни приоритети како и основни мерки за водење на локална економска политика на општината,
    – иницира и развива регионална и меѓугранична соработка,
    – овозможува услови за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија, претприемништвото во земјоделството, сточарството, шумарството и развој на локална агроберза,
    – обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето и програмирањето на економскиот развој,
    – ги следи законските и подзаконските акти од областа на трговијата, занаетчиството, туризмот и угостителството и истите ги применува,
    – развој на информатичка технологија во општината, контрола, одржување и надополнување на хардверски и софтверски подсистеми,
    – изработува база на податоци за потребите на општината,
    – врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот
  4. Одделение за внатрешна ревизија, ова одделението кадровски не е екипирано, т.е нема ниту еден вработен
  5. Одделение за утврдување и наплата на даноци,такси и други надоместоци ги врши следните работи:
    – ја утврдува висината на даноците на имот и комунални такси
    – изготвува решенија за висината на данокот на имот и комунални такси
    – врши наплата на даноци, такси и надоместоци кои се изворен приход на општините,
    – води регистер на недвижниот имот и регистер на подвижниот имот на даночните обврзници,
    – врши навремено задолжување на даночните обврзници согласно законските прописи,
    – изготвува и доставува писмени опомени на даночниот обврзник за плаќање на даночниот долг и комуналните такси,
    – изготвува решенија за присилна наплата на даночниот долг, паричните казни и каматите
    – ја организира присилната наплата на даноците, таксите и другите надоместоци,
    – ја организира присилната наплата на долг поради неплатени комунални такси,
    – извршува постапка на присилна наплата,
    – редовно прибира податоци за идентификување на недвижниот и подвижниот имот,
    – ја ажурира базата на податоци со регистрирани даночни обврзници и обврзници за плаќање комунална такса,
    – врши книговодствена евиденција на состојбата и промените во наплатата на данокот на имот и комуналните такси,
    – врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот.