Заедничка администрација за Општините Василево, Босилово и Ново Село

Иницијатива  |  Oдлука  |  Договор за број на извршители  |  Договор за заедничка администрација

ПОДНОСИТЕЛИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА: ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОПШТИНИТЕ: БОСИЛОВО, ВАСИЛЕВО И НОВО СЕЛО

И Н И Ц И Ј А Т И В А

ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТЕЛА

АВГУСТ 2005 година
ИНИЦИЈАТИВА

Во согласност со член 50, став 1, точка 6, а во врска со член 14 став 3 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.акедонија” бр.5/2005), градоначалниците на општините: Босилово претставувана од градоначалникот Ѓорѓе Манушев, Василево претставувана од градоначалникот Славе Христов и Ново Село претставувана од градоначалникот Никола Андонов предлагаат:

1. Советите на општините: Босилово, Василево и Ново Село, на одделни седници, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советите на општините, да донесат одлуки за основање на заеднички административни тела за извршување на одредени надлежности на Општините утврдени во член 22 од Законот за локална самоуправа и други посебни закони.

2. Основањето на заедничката адинистрација се предлага за поекномично, ефикасно, стручно и комплетно извршување на дел од работите кои се во надлежност на Општините Босилово, Василево и Ново Село.

3. Градоначалниците на Општините Босилово, Василево и Ново Село предлагаат Советите на именуваните општини да донесат одлуки за основање на заеднички административни тела за следните надлежности со седишта по општини и тоа:
а. За вршење надзор над работите кои се во надленост на општините, надзорот со исклучок на инспекцијата за комунални дејности ќе го врши одделението за инспекциски работи – Инспекторат, со седиште во административниот простор на општина Босилово.
Надзорот над работите од надлежност на општините ќе се врши со следните инспектори:
– Општински, урбанистички и градежен инспектор, согласно Законот за просторно урбанистичко планирање (“Сл.весник на Р.М” бр.51/2005) и Законот за градење (“Сл.Весник на РМ” бр.51/2005);
– Овластен инспектор за патишта и патен сообраќај, согласно Законот за јавните патишта ( “Сл.весник на РМ” бр.29/1996 и 68/2004) и Законот за превоз на патниот сообраќај (“Сл.весник на РМ” бр.68/2004)
– Овластен инспектор за надзор над утврдувањето и наплатата на даноците на имот, согласно Законот за даноци на имот (“Сл.весник на РМ” бр.61/2004);
– Овластен инспектор за угостителска и туристичка дејност, согласно Законот за угостителска дејност (“Сл.весник на РМ” бр.62/2004), и Законот за туристичка дејност (“Сл.весник на РМ” бр.62/2004);
– Овластен инспектор за просвета и спорт, согласно Законот за просветна инспекција (“Сл.весник на РМ” бр.52/2005) и Законот за спорт (“Сл.весник на РМ” бр.29/02 и 66/04);
– Урбан полицаец
Во секоја општина во рамките на општинската администрација ќе функционира инспекција за комунални дејности и заштита на животната средина, согласно законот за комунални дејности (“Сл.весник на РМ” бр.45/1997) Законот за животна средина(“Сл.весник на РМ” бр.53/2005) и Законот за заштита на природата (“Сл.весник на РМ” бр.67/2004) и други прописи.

б. Во рамките на заедничката администрација, како посебно административно тело за утврдување на наплата на даноци, такси и други надоестоци и администрирање на приходите, за општините Босилово, Василево и Ново Село ќе биде ангажирано одделението за даноци, такси и други надоместоци кое функционира во рамките на општинската администрација на општината Василево како организационен облик на ниво на одделение, а може и на ниво на сектор. Оваа одделение ќе ги врши работите кои се однесуваат на наплата на сите давачки утврдени во Законот за данок на имот и други прописи, а седиштето ќе у биде во административниот простор на општина Василево.
Утврдувањето и наплатата на даноците, таксите и надоместоците како и примената на институтите утврдени во Законот (данок на имот, данок на наследство и подарок, данок на промет на недвижности, утврдување и наплата на даноците, регистер на недвижен имот и регистер на подвижен имот, извршување, постапка и начин на обезбедување и наплаќање на даночен долг, односно даночна обврска, жалбена постапка, присилна наплата, јавна продажба и слично) ќе го вршат државни службеници на општинската адинистрација на општина Василево, организирани во одделение во следниот состав:
– Раководител на одделение;
– Советник за утврдување и наплата на даноци;
– Соработник за утврдување наплата на такси и други надоестоци;
– Сам.Референт – даночен сметководител;
– Виш референт – даночен извршител

 

в. Просторното и урбанистичкото планирање, издавањето решенија за локациски услови и одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште, заштитата на животната средина и природата, ќе бидат доверени на административното тело, кое во рамките на општинската администрација на општина Ново Село ќе функционира на ниво на организационен облик – одделение за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.седиштето на оваа одделение ќе биде во административниот простор на општина Ново Село. Ова одделение ќе се грижи за уредување на условите и начинот на системот на урбанистичкото планирање, видот и содржината на плановите, изработувањето и постапката за донесување, спроведување и следењето на реализацијата на плановите, посебно на урбанистичките планови за село и урб.планови вон населени места. Освен ова, во рамките на одделението ќе се спроведува постапката за донесување на решенија за локациски услови, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и издавање на одобрение за градба од трета, четврта и петта категорија, согласно Законот за градење и други работи предвидени во споменатите закони.
Исто така ова администартивно тело ќе се грижи за обезбедување услови за заштита и за унапредување на животната средина заради остварување на правата на граѓаните на здрава животна средина.
За извршување на овие надлежности одделениетотреба да биде организирано во следниот состав:
– Раководител на одделение;
– Соработник за водење на постапка за издавање на решенија за локациски услови;
– Соработник за водење постапка за издавање на одобрение за градење;
– Виш соработник за изработка и следење на постапката за донесување на урбанистички планови;
– Виш соработник за заштита на животната средина;
4. Градоначалниците на општините Босилово, василево и Ново Село по донесувањето на одлуките за основање на заеднички административни тела од страна на Советите на иенуваните општини, ќе склучат писен договор во кој ќе ги утврдат: седиштата на административните тела; видот, обемот и нажинот на извршување на работите; користењето на објектите и опремата; финансирањето; контролата на работењето и начинот на укинувањето на заедничките административни тела.

 

Имајќи го предвид изнесеното предлагаме Советите на именуваните општини на една од наредните седници да ја донесат Одлуката за основање на заедничка адинистрација на општините: Босилово, Василево и Ново Село која во прилог ја доставуваме.
Со донесувањето на оваа Одлука ние долупотпишаните градоначалници како предлагачи цениме дека на истата ќе се постигне висок степен на економичност, рационалност, ефикасност, компетентност, стручност и кооперативност помеѓу именуваните општини.

 

Градоначалници:

1. Општина Босилово – Ѓорѓе Манушев

2. Општина Василево – Славе христов

3. Општина Ново Село – Никола Андонов