Договор за број на извршители

Врз основа на член 50 и член 61 став 2 од законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/2005), член 7 од Договорот за основање на заеднички административни тела, градоначалниците на општините: Босилово претставувана од градоначалникот Ѓорѓе Манушев, Василево претставувана од градоначалникот Славе Христов и Ново Село претставувана од градоначалникот Никола Андонов, на __________2005 година склучија

 
Д О Г О В О Р

 

И. Предмет на договорот

 

Член 1
Со овој договор се утврдува бројот на извршителите во секое одделение, звања, како и потребните услови за секое работно место во заедничките административни тела на општините Босилово, Василево и Ново Село.

 

Член 2
Одделението за инспекциски работи – Инспекторот со седиште во административниот простор на општина Босилово, работите од својата надлежност ќе ги извршува преку следните извршители:

 

– раководител на Одделението за инспекциски работи – Инспектор: 1 извршител ВСС ВИИ/1, технички факултет или општествени науки, со 3 години работно искуство.
– Советник – Општински урбанистички и градежни инспектор: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Архитектура или Градежен Факултет, со 2 години работно искуство
– Советник – Овластен инспектор за патишта и патен сообраќај: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Сообраќајен Факулете со 2 год. раб. искуство;
– Советник – Овластен инспектор за надзор над утврдувањето и наплатата на даноците на имот: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Економски Факултет, со 2 год. раб. искуство;
– Советник – Овластен инспектор за угостителска и туристичка дејност: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Економски Факултет, Туризам или Угостителство, со 2 год.раб. искуство.
– Советник – Овластен инспектор за култура, просвета и спорт; 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Општествени науки, со 2 год.раб. искуство.
– Самостоен референт – извршител: 1 извршител со ССС ИВ/1, градежен техничар или архитектура, со 3 год.раб. искуство.

 

Член 3
Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци со седиште во административниот простор на Општина Василево, работите од својата надлежност ќе ги извршуваат преку следните извршители:
– Раководител на одделение: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Економски или Правен Факултет со 3 год. раб. искуство.
– Помлад соработник за утврдување и наплата на даноци и такси; 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Правен или Еконоски Факултет, без работно искуство.
– Помлад соработник за идентификација и регистрација на имот; 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Правен или Еконоски Факултет, без работно искуство.
– Виш референт – даночен извршител; 1 извршител ВШС ВИ/1 или ССС ИВ/1 со 2 години работно искуство.
– Помлад референт – даночен сметководител 1 извршител ВШС ВИ/1 или ССС ИВ/1, економска насока без работно искуство.

 

Член 4
Одделението за просторно – урбанистичко планирање, градење и заштита на животната средина со седиште во адинистративниот простор на Општина Ново Село, работите од својата надлежност ќе ги извршува преку следните извршители:
– Раководител на одделение: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, Архитектура или Градежен Факултет со 3 години работно искуство.
– Соработник за водење на постапка и издавање на решенија за локациски услови; 1 извршител со ВСС ВИИ/1, диплоиран инжинер архитект со 1 година работно искуство.
– Соработник за водење постапка за издавање одобрение за градење; 1 извршител со ВСС ВИИ/1, дипломиран градежен инжинерсо најмалку ж година работно искуство;
– Виш соработник за изработка и следење на постапката за донесување на урбанистички планови, 2 извршители со ВСС ВИИ/1,архитектура со најмалку 1,5 година работно искуство.
– Виш соработник за заштита на животната средина: 1 извршител со ВСС ВИИ/1, дипл.инжинер по хеија, дипл.биолог, дипл.географ, дипл.инженер по агрономија, дипл. шумарски инжинер со најалку 1,5 година работно искуство.
– Самостоен референт за геодетски работи (геоетар); 1 извршител со ВШС ВИ/1, Геодезија, со 2 години работно искуство.

 

ИИ. Преодни и завршни одредби

 

Член 5
Градоначалниците на општините Босилово, Василево и Ново Село се обврзуваат постојните акти за организација и работа и актите за систематизација на работните места да ги усогласат со одредбите на Одлуката и Договорот за основање на заедничките административни тела и овој Договор, и тоа најдоцна во рок од еден месец по потпишувањето на Договорот.

 

Општина Босилово Општина Василево Општина Ново Село
Градоначалник, Градоначалник, Градоначалник,
Ѓорѓе Манушев Славе Христов Никола Андонов