Информации од јавен карактер

Начин на поднесување на барањето за информаци од јавен карактер
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага општина Василево
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Писменото Барање може да се поднесе до општина Василево непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Општината (с. Василево, бб), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk).
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице Зора Коларова, тел: 034 354 444, локал 108, e-mail: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

 

Листата на информации од јавен карактер е достапна до јавноста преку :
• огласната табла во просториите на локалната самоуправа и
• преку веб страната   www.opstinavasilevo.gov.mk

Барање-за-пристап-до-информации-од-јавен-карактер (Образец, PDF)
Барање за пристап до информации од јавен карактер (Образец, Word)

ОБРАЗЕЦ-ЖАЛБА-(PDF)
ОБРАЗЕЦ-ЖАЛБА-(Word)

 

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР НА
ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

* Прописите кои ги донесува Советот на општината
* Актите на Градоначалникот
* Начинот и условите за остварување на правата и обврските на граѓаните во областа од надлежност на локалната самоуправа:
– Урбанизам
– Заштита на животната средина и животните
– ЛЕР
– Комунални дејности
– Култура, спорт и рекреација
– Социјална заштита
– Образование
– Противпожарна заштита
– Инспекциски работи (инспекторат)
* Плановите, проектите и програмите кои се во подготовка, а се од значење за развојот на општината
* Услугите кои се добиваат од јавните служби и општинската администрација и начинот на нивно добивање
* Општинскиот Буџет
* Јавни набавки на основни средства на работа
* Именување на директори и претставници во Управните одбори на јавните претпријатија, установи и училишта
* Висина на Административни такси и трошоци во постапка
* Други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на општината

www.komspi.mk – Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Одговорно лице за посредување со информации од јавен карактер:
Зора Коларова, тел: 034 354 444, локал 108 e-mail: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk

Годишен извештај, 01.01.2023-31.12.2023
Годишен извештај, 01.01.2022-31.12.2022
Годишен извештај, 01.01.2020- 31.12.2020
Годишен извештај, 01.01.2021-31.12.2021