Градоначалник на општина Василево
Марјан Јанев
Лични податоци:
Роден е на 22 ноември 1986 год. во Струмица
Адреса на живеење с. Градошорци 7А. Оженет и татко на едно дете.
Образование:
Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“, Василево, а средно во средното ветеринарно училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе.
Дипломирал како лекар ветеринар на Факултетот за ветеринарна медицина при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје
Професионален ангажман:
Доктор по ветеринарна медицина во ДПТУ „Ветерина нова“,Струмица.
Градоначалник од октомври 2017 година
Политички активности
Член на СДСМ од 2009 год.
Член на Советот на општина Василево во периодот 2013-2017