Tuesday, 19 March 2024

Општи информации

контакт информации

адреса: Општина Василево
ул. и бр. с. Василево, бб
тел: 034 354 444
е-маил: opstina_vasilevo@yahoo.co.uk
веб страна: www.opstinavasilevo.gov.mk

 

Територија

Територијата на општина Василево го зафаќа средниот дел на Струмичко- Радовишката Котлина, или северозападниот дел на Струмичко поле.Вкупната површина на територијата на општината е 220 км2.Во правец на северозападниот срт на Огражден се наога водената акумулација Турија и регионалната депонија за цврст комунален отпад.
Аграрната површина на општина Василево изнесува 16.091 ха, од кои 6773 ха или 42,1% се обработливо земјиште, 1.082 ха или 11,2% се пасишта, додека 7.516 ха или 46,7% се шуми.

744px-Map_of_Vasilevo_Municipality.svg

Историja

Општина Василево како комуна за прв пат е формирана 1922 година. Со територијалната поделба 1954 – 1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни. Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.

263px-Flag_of_Vasilevo_Municipality.svg

Демографија

Извор: Државен завод за статистика, Попис 2021
https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=146

1s

2s

3s

4s

Број на жители, домаќинства и станови по населени места и структура по пол и национална припадност на жителите од општина Василево

Администрација и политика

За потребите за функционирање на органите на локалната самоуправа во текот на 1997/98 година е изградена Општинска административна зграда, која ги задоволува условите за работа на општинската администрација и со зголемени надлежности согласно новиот Закон за локална самоуправа. Имено општинската административна зграда е со површина од 253 м2, има 7 канцеларии, кујна, санитарен јазол и простран хол.

Заради  извршување на законските надлежности, општинската администрација е организирана во одделенија:

  • Одделение за нормативно -правни работи,општи работи и управување со човечки ресурси
  • Одделение за финансиски прашања
  • Одделение за комунални работи, уредување на градежно земјиште и lокален eконосмки rазвој
  • Одделение за внатрешна ревизија
  • Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци

 

Урбанизам 

Вкупна површина на општина Василево: 219 км2

Површина по населени места:
Населба Вкупна површина – ха
К.О. Василево 777 ха
К.О. Градошорци 850 ха
К.О. Ангелци 590 ха
К.О. Седларци 450 ха
К.О Едрениково 446 ха
К.О. Владевци 770 ха
К.О. Радичево 900 ха
К.О. Дукатино 810 ха
К.О. Сушево 110 ха
К.О. Добрашинци 240 ха
К.О. Нова Маала 180 ха
К.О. Чанаклија 480 ха
К.О. Пиперево 745 ха
К.О. Висока Маала 500 ха
К.О. Требичино 925 ха
К.О. Варварица 830 ха
ВКУПНО: 9596 ха

Површина во градежен опфат по населени места:

Населба Вкупна површина – ха
Василево 125 ха
Градошорци 107 ха
Ангелци 50 ха
Седларци 25 ха
Едрениково 25 ха
Владевци 130 ха
Радичево 100 ха
Дукатино 30 ха
Сушево 50 ха
Добрашинци 60 ха
Нова Маала 80 ха
Чанаклија 56 ха
Пиперево 70 ха
Висока Маала 30 ха
Требичино 10 ха
Варварица 10 ха
ВКУПНО: 958 ха

Урбанизација:

ГУП има само населеното место Василево – 125 ха;

Урбанистичка документација за градба имаат населените места:

– Сушево – 50 ха;
– Нова Маала – 80 ха;
– Пиперево – 70 ха; (нацрт фаза)

Општ акт за градба имаат населените места:
– Ангелци – 50 ха;
– Градашорци – 107 ха;

Населени места само со одреден градежен опфат:

–  Седларци,
–  Едрениково,
–  Радичево,
–  Добрашинци и
– Чанаклија
– Владевци

Населени места без нови геодетски подлоги:

– Требичино,
– Дукатино,
– Варварица,
– Висока Маала,
– Нивичино и
– Кушкулија

Урбанизирани стопански   зони:

– стопанска зона вон населено место Владевци – 3 ха;
– стопанска зона Василево – 21,1 ха;
– стопанска зона вон населено место Градашорци, 67 ха;

– Стопанска зона со намена лесна индустрија, м.в Гладно поле, К.О Градашорци – 5 ха
– Урбанистички план за хотелски комплекс – 3 ха

Инфраструктура

Локална патна мрежа

Општина Василево е добро отворена кон другите општини и поврзана со патишта. Со магистралниот пат, М-6, кој поминува низ територијата на општината овозможено е поврзување на сите населени места со центарот на општината
и со општина Струмица и општина Радовиш.
Локалните патишта, кои во вид на коловоз изнесуваат 123,8км, овозможуваат лесна комуникација помегу сите населени места. Со асфалтен пат се поврзани сите населени места.

Електрична и ПТТ мрежа

Општина Василево целосно е покриена со електрична мрежа. Сите трафостници се реконструирани и имаат капацитет за висок напон. Уличното осветлување е доволно распространето во сите населени места. Општина Василево располага со нова ПТТ мрежа. Постои пошта во Василево, Добрашинци и Владевци, а телефонски централи во Василево , Пиперево, Владевци, Радичево и Добрашинци.

Водоснабдување и каналзација

Снабдувањето со вода во општина Василево е на задоволително
ниво.
Населените места: Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково и индустриската зона Василево, со вода се снабдуваат од регионалниот водовод Василево Ангелци, Градашорци, чиј резервоар се наоѓа во месноста Ташли баир – Василево. Капацитетот на овој резервоар е 1500 приклучоци, а моменталната
искористеност е околу 61%, односно изразено во бројки:

Населените места Добрашинци и Нова Маала со вода се снабдуваат од резервоарот во Добрашинци, чиј капацитет е 700 приклучоци, а моменталната искористеност е 38%. Односно изразено во бројки:

Населеното место Чанаклија со вода се снабдува од систем за водоснабдување изграден за потребите на ова населено место.Неговиот капацитет е 160 домаќинства.

Населеното место Дукатино со вода се снабдува од резервоарот во Дукатино. Неговиот капацитет е 200, а моменталната искористеност 44,5%, односно во моментот има приклучено 89 домаќинства.

Со овие четири резервоари стопанисува ЈПКД „Турија“, Василево, формирано од Советот на општина Василево во 1999 год.

Останатите населените места: Пиперево, Владевци, Радичево и Сушево, Седларци, Висока Маала и Требичино со вода се снабдуваат од водоводни системи со кои стопанисуваат месните заедници и заедничко за сите нив е тоа што водата не е филтрирана.

Во сферата на канализацијата и третманот со отпадните води состојбата во општина Василево е следна:

Со системот за фекална канализација покриени се дел од населените места. Вкупната должина на мрежата е 19807 метри од кои 5242 метри отпаѓаат на главна колекторска мрежа во Василево и Пиперево а 14565 метри се секундарна мрежа во населените места Пиперево  и Ангелци. Можност за приклучување на истата имаат по околу 60 % од домаќинставата во населените места Ангелци  и Пиперево. Останатите домаќинства проблемот со отпадните води го решаваат индивидуално со септички јами.

Образование

Во општина Василево, образованието е организирано на ниво на основно. Наставата се одвива во двете општински основни училишта: „Гоце Делчев“ во Василево и „Атанас Нивичански“ во Нова Маала и десетте подрачни во населените места: Ангелци, Владиевци, Сушево, Радичево, Дукатино, Едрениково, Седларци, Доброшинци, Висока Маала и Чанаклија.

Повеќе информации за образованието во општина Василево на следниот линк:

http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=254