Симболи

Грб на општина Василево

opstina-vasilevo-logo

Општината има грб кој ја претставува општината и има форма што асоцира на штит. Во горната половина на грбот, на сино небо е даден изгрев на сонцето. Долната половина со едноставна геометриска парцелизација го претставува Василевското поле. На средината е поставен грозд, како еден од карактеристичните производи на ова поднебје, додека трилисната круна над него е поставена со цел да асоцира како на тутунопроизводството, така и на подемот (никнувањето) на било која од многубројните култури што се одлгледуваат кај нас. На долниот дел од рамката на грбот има венец составен од симетрично поставен плод на афион и “низа”. Афионот е предложен како симбол на плодноста и бериќетот, а “низата” која пред се остава впечаток на житен клас го нема доработено обликот на клас со намера да пружа асоцијација и на други низа производи карактеристични за овој регион. Под “штитот” е поставена хоризонтална жолта трака поивичена со зелена боја, на која со зелени букви пишува “Василево”.

Знаме на општина Василево

263px-Flag_of_Vasilevo_Municipality.svg

 

Знамето на општина Василево има правоаголен облик поделен дијагонално, при што долната страна е во зелена боја, а ја симболизира нашата животна средина, а горната страна во жолта боја, што го симголизира сончевиот зрак, симбол на желбата за слобода и светлина. На хоризонтално поставената основа е имплементиран грбот.