слајдер

Општина Василево потпиша Договор за помош на стари лица во нивните домови

3

Денес, во Министерството за труд и социјална политика, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  заедно со градоначалникот на општина Ново Село Никола Андонов,  секретарот во црвениот крст на Струмица Мирјана Тошева и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска шпотпишаа Договор за реализација на Проектот:  Помош и нега во домот за стари лица –…

Continue reading

Поставена нова метеоролошка станица

meteo,1

Викендов, општина Василево доби нова метеоролошка станица. Поставена е во населеното место Нова Маала  и истата ќе го покрива и подрачјето на  населените места Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, метеоролошката станица е поставена во рамки на Договорот со кој општина Василево добива ново лед енергетско ефикасно…

Continue reading

Градоначалникот Јанев на средба во ТИКА

2

Градоначалникот  на општина Василево, Марјан Јанев, во  седиштето на ТИКА  (Turkish Cooperation and Coordination Agency) во Скопје,   оствари средба со претседателот на ТИКА во РСМ  Халим Омер Согут. Според информацијата од градоначалникот Јанев,  на средбата се разговарало за продолжување на соработката помеѓу локалната самоуправа и Агенцијата, особено во делот на вложување во инфраструктурата. Во изминатиот…

Continue reading

По повод Детската недела, подароци за дечињата од градинката

DSC_0332 (Medium)

По повод Детската недела, локалната самоуправа  Василево ги израдува со подароци дечињата од градинката „Прва радост“ од Василево. „Заради актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од Корона вирусот, COVID-19, годинава изостана организирањето на свечени настани на кои на посебен начин се одбележуваше Неделата на детето, но не и нашата грижа за нив и обврската да ствараме…

Continue reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈПКД „Турија“, Василево за подигање на сметот во индустриската зона

kontenjeri

ЈПКД „Турија“ од  Василево ги известува правните лица  од Индустриската зона, со кои има склучено Договор за подигање на сметот,  дека наместо во понеделник,12.10.2020 година,  сметот ќе им биде подигнат во сабота на  10.10.2020 година. Промента се однесува само за наведениот  термин, а  причината е  што  понеделник, 12.10 2020 година е неработен ден.

IN MEMORIAM Почина Добрин Андонов- првиот градоначалник на општина Василево

Добрин Андонов

На 05.10.2020 година, почина Добрин Андонов – првиот градоначалник на општина Василево.  Роден е на 05.12.1958 година во Варварица, основно образование завршил во Василево, средно  во гимназијата Јане Сандански во Струмица  и во 1982  година дипломирал на Економскиот факултет  во Штип, при универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. На чело на општина Василево  е од…

Continue reading

Советот на општина Василево ја одржа 36-та седница

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 36-та седница на чиј дневен ред, по дополнувањето беа вкупно 13 предлози, меѓу кои како прва точка беа Измените и дополнувањата на Буџетот на општина Василево за 2020 година.  Според Образложението изготвено од одделението за Финансии, поради настанатата ситуација со Корона кризата дел од предвидените приходи,  како…

Continue reading

Започна уредувањето на просторот околу игралиштето во Ангелци

naslov

Општина Василево започна со активности на уредување на просторот околу игралиштето во населеното место Ангелци.  Согласно проектот планирано е хортикултурно уредување на просторот збогатено со бехатонски патеки како и  изградба на еден летниковец, поставување на реквизити за игра и забава на децата односно нишалки, лизалки, лулашки,  вртелешки,  како и поставување на урбана опрема, клупи за…

Continue reading

Во училиштата во општина Василево стартуваше учебната 2020/2021 година

G-horz

„Во специфични услови предизвикани од Корона вирусот, со почитување на насоките и протоколите од надлежните институции за заштита од  Ковид 19, денес, во училиштата во општина Василево стартуваше новата учебна година“, информираат  директорите на двете основни општински училишта, Стојан Тимов од ООУ “Гоце Делчев“, Василево  и Соња Ничева директорка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.…

Continue reading

Дневен ред за 36-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и шеста седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2020 година; Статут на општина Василево- Пречистен текст; Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“,…

Continue reading