Денес, општина Василево асфалтира на две различни локации во населеното место Добрашинци и тоа патот од крстосницата пред с.Доброшинци до брана Турија во должина од 800 метри и една улица во Добрашинци во должина од 420 метри, која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на насленото место па се до постоечкиот земјен…
слајдер
ПОВТОРЕН ОГЛАС за пријавување на кандидати за полагање на испит за авто-такси возачи
Комисијата за спроведување на постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач во општина Василево објавува ПОВТОРЕН ОГЛАС за пријавување на кандидати. Пријавувањето се врши во архивата на општина Василево. Право на пријавување имаат сите заинтересирани возачи на територијата на општина Василево. Краен рок за пријавување е 23.12.2019 година.…
Општина Василево и општина Субаши од Р.Турција потпишаа Меморандум за соработка
Денес, во просториите на општина Василево, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и Недрет Ѓулен, претставник на општина Субаши од Р. Турција, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете општини. Целта, како што стои во документот е меѓусебна размена на искуства во областа на образование, спорт и култура од која бенефит ќе имаат и двете страни.…
Општина Василево домаќин на одбележувањето на Денот на настава на турски јазик
Синоќа, во спортската сала во Василево, општина Василево беше домаќин на настан за одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември. Присутните, главно граѓани од турската заедница во општина Василево, ги поздрави градоначалникот на општината Марјан Јанев. „Има ли поубав показател за нашиот соживот, взаемно почитување и разбирање, од ова наше вечерашно…
Општина Василево одбележа 23-години од своето постоење
Со Свечена Седница, Советот на општина Василево ја одбележа 23-годишнината од своето постоење. Седницата ја отвори Претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев, кој во своето поздравно обраќање рече: „Актуелниот Совет како алка од еден синџир кој започнал да се плете пред 23 години, надоврзувајќи се на веќе направеното, изграденото, постигнатото, со своите Одлуки, продолжува да…
ОТЧЕТ на градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев за периодот 2017 – 2019
Почитувани сограѓани! Зад нас се две години откако Вие ми ја дадовте довербата да раководам и управувам со општина Василево; две години во кои како прв човек на општината, секојдневно со целиот мој капацитет, заедно со мојот тим, заедно со целата општинска администрација, секојдневно работам на реализација на проектите кои значат подобар живот за сите…
ИЗВЕСТУВАЊЕ за Измена на терминот за пријавување учество на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019/2020
Почитувани, Од име на организаторот на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019-2020, Ве известуваме дека рокот за пријавување учество во турнирот и стартот на натпреварите се пролонгираат. Пријавувањето ќе трае до 20.12.2019 година до 16.00 часот, а почетокот на турнирот ќе биде наредниот ден, на 21.12.2019 година. Одредувањето на паровите за игра ќе се…
Свечена седница на Советот на општина Василево
По повод 23-годишнината од конституирањето на Советот на општина Василево и оснивањето на ЕЛС Василево, во понеделник, 16.12.2019 Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница. Свои обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Советот на општина Василево Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. Седницата ќе започне во 11,00 часот, а ќе…
Пријавување за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019/2020
По повод Новогодишно-Божиќните празници, во Василево, покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Јанев се организира традиционалниот ноќен Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал што ќе започне на 17-ти декември 2019 година. Пријавувањето започнува од 10.12. 2019 и ќе трае до 16.12.2019 година до 16.00 часот. Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 16.12.2019…
Технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково
Денес, во населеното место Едрениково, беше извршен технички прием и пробно пуштање во употреба на прочистителната станица за третман на отпадни води од домаќинствата, изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)…