Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како претседател на Центарот за развој на Југоисточнмиот плански регион, денес во Солун, Р.Грција учествуваше на Завршната конференција на проектот Деловен екосистем како интегриран систем-Be In“, проект кој се имплементира во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република С. Македонија 2024-2020. Во своето обраќање пред присутните Андонов нагласи дека претприемништвото е еден од најважните сегменти на секое општество а патот кон успешно претприемништво е тежок и токму затоа истрајноста е важна, што значи дека треба да се работи на нивно решавање и надминување. „Претприемништвото бара целосна трансформација во вредностите, ставот и начинот на размислување. Токму вакви проекти се потребнни со цел претприемачите да се здобијат со нови знаења и вештини за да се издигнат на патот кон успехот“, потенцира градоначалникот Андонов, кој јавно изразува надеж дека во иднина партнерите ќе реализираат и други проекти од областа на претприемништвото со кои ќе им се олесни патот на сите претприемачи од прекуграничниот регион, ќе им се овозможи да стекнат компетенции за отвореност кон нови идеи и препознавање на нови можности, да се стекнат со знаење за креирање на успешни бизнис идеи кои ќе придонесат кон економски развој и зајакнување на комплетниот деловен еко систем во регионот.
Заблагодарувајќи се на поканата и можноста јавно да ги изнесе своите ставови и пораки, градоначалнијот Андонов упати благодарност до инволвираните страни за успешната имплементација и постигнатите резултати.
Завршната конференција во Р.Грција беше одржана во Универзитетот Аристотел во Солун.