Општина Василево обезбеди средства за изградба на бетонски канал на потегот од населено место Владиевци до населеното место Сушево. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера во просториите на Министерството за локална самоуправа го потпиша Договорот за изградба на бетонскиот канал со кој дел од средствата за реазлизација на овој проект се обезбедени преку ова Министерство во рамки на објавениот Јавен повик.
Планираниот Буџет, согласно првичните пресметки изнесува околу 7 000 000 денари, а вкупната должина е 1.2 км.
„Во просториите на Министерството за локална самоуправа го потпишав договорот за изградба на бетонски канал од Владиевци до Сушево, во рамките на Јавниот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа“, напиша во објавата на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов по потпишувањето на договорот.
Градоначалникот ги најави и проектите со чија реализација во овие две населени места ќе се подобрат условите за живот на граѓините и воедно ќе се одговори на нивните барања.
„ Во Владиевци ќе се реализираат неколку капитални проекти: Бетонски канал од Владиевци до Сушево, со што овој дел од населеното место ќе добие нов лик, но во исто време ќе реконструира и постоечката фекална канализација, ќе се реконструира кошаркарското игралиште и истото ќе добие современ лик, партерно ќе се уреди дворот околу новата црква во Владиевци; ќе се асфалтира улицата до Павлов Драги, ќе се бетонира улицата до Ристо Ѓоргиев, ќе се асфалтира улицата покрај поштата, почнувајќи од кошаркарското игралиште, која е долгогодишно барање на граѓаните од Владиевци“, информира Градоначалникот. Граѓаните заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина Василево. Изминатите 3 години на дело покажавме како се работи и како се реализираат дела“,стои во објавата на Градоначалникот кој преку низата планирани проекти за наредниот период го најавува развојот на општината.
Андонов сподели информација и за планираните проекти во другите населени места од општината. „Нови проекти ќе се реализираат во сите населени места: Изградба на отворен канал во Дукатино; Изградба на фекална канализација во Радичево; Реконструкција и ревитализација на улица од влез до центар на Пиперево; Реконструкција на улица во Нова Маала кон гробишта; Изградба на последен крак од фекална канализација во Пиперево; Изградба на улица кон болницата во Пиперево; Уредување на атмосферски канал во турското маало во Градошорци; Уредување со бекатон на патеки во селските гробишта во Ангелци; Асфалтирање на улици во: Ангелци, Дукатино, Радичево, Сушево, Василево, Градошорци, Седларци, Пиперево, Едрениково, Чанаклија, Висока Маала, Доброшинци, Владиевци и Нова Маала“, се проектите кои во наредниот период ќе бидат реализирани низ сите населени места на општина Василево.



