Новости

Дневен ред за 49-та седница на Советот на општина Василево

На 29.04.2025 година (понеделник),  со почеток во 10,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 49-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: 1. Предлог-одлука за кофинансирање на општина Василево за реализација на проектот: „Подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации…

Прочитај Повеке

Градоначалникот на општина Василево за Велигден со сограѓаните

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов за време на најубавиот христијански празник, Христово воскресение – Велигден, ги посети своите сограѓани во населените места Радичево и Сушево, споделувајќи ја со нив радоста за победата на животот над смртта, за победата на доброто над злото, за воскресението која ја одржува верата и вербата во Бога. Во Радичево…

Прочитај Повеке

Велигденски турнир во Чанаклија

На Велигден,во недела,  во населеното место Чанаклија, под покровителство на општина Василево се одржа традиционалниот велигденски турнир во фудбал. Во чинот на доделување на наградите на најдобрите,  учествуваше и градоначаллникот на општина Василево, Славе Андонов,  кој споделувајќи ја информацијата за овој традиционален спортски настан на својот ФБ профил, напиша:  „По посетата на Радичево, продолжив во…

Прочитај Повеке

Велигденска честитка од Градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, со видео обраќање на своите сограѓани  им упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Почитувани сограѓани Христовото воскресение како најголем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите…

Прочитај Повеке

Кик-боксерот Пепи Велков на прием кај градоначалникот Андонов

Денес, гостин во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше кик –  боксерот Пепи Велков, освојувач на златен медал на Европскиот куп во кик -бокс што се одржа во Сараево,  Босна и Херцеговина. Двајцата сограѓани имаа убав разговор за тренинзите, настапите, натпреварите, успесите и резултатите на Ведлков  кој е токму од Василево. Споделувајќи…

Прочитај Повеке

Училитето во Ангелци доби библиотека- донација од ТМБХ

Вчера, во населеното место Ангелци, во ПУ„Гоце Делчев“, на свечен начин се отвори библиотека донирана од Турската Меѓународна Братска Хуманитарна организација (ТМБХ). Комплетно опремен простор со инвентар, клупи,  столици, полици и книги. Книгите се на турски јазик и примарната намена им е за учениците од турска националност кои во ова училиште посетуваат настава од прво…

Прочитај Повеке

Во Радичево се асфалтираше повеќенаменското игралиште

Во населеното место Радичево завршија активностите на асфалтирање на повеќенаменското игралиште, како една од планираните активности од неговата целосна реконструкција. Игралиштето за прв пат беше изградено во 2011 година и тековно се работи на негова целосна реконструкција и враќање во функција.  Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ https://www.facebook.com/vasilevo24  напиша:…

Прочитај Повеке

Во Чанаклија на средба со граѓаните, потврдени резултатите и утврдени приоритетите

Викендов, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и најблиските соработници, во Чанаклија, низ разговор и дебата  со жителите од ова населено место ги дефинирале најприоритетните проекти кои ќе бидат набрзо реализирани. Како што информира градоначалникот преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, потврдени се сработените и реализирани проекти но договорени се и идните со  кои се подобрува…

Прочитај Повеке

Градоначалникот Андонов учесник на Политичката академија на фондацијата Конрад Аденауер 2025

„Имам чест да присуствувам на Политичката академија 2025 – Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа организирана од Фондација Конрад Аденауер и Партискиот истражувачки и аналитички центар ,,Љубиша Георгиевски”, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, https://www.facebook.com/vasilevo24,  по повод неговото учество на Политичката академија, чија тема била Организациски, комуникациски и стратешки пристап за поефикасна…

Прочитај Повеке

Со Ребаланс советниците го зголемија Буџетот на општина Василево за 2025 година

Советот на општина Василево денес ја одржа 48-та седница на чиј дневен ред како дополнителна точка беше Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2025 година, која практично значеше зголемување на Буџетот на општината за околу 27 000 000 денари. Како што стои во образложението дадено од одделението за финансии овие промени се…

Прочитај Повеке