Untitled Document
 Насловна  Мапа на сајтот   mak   eng


21.10.2014 

Општина Василево
 Општи информации
 Општински органи
 Општински акти
 Заедничка администрација за Општините Василево, Босилово и Ново Село
 Проекти
 Службени гласници
 Конкретни информации
 Информации од јавен карактер
 Програми
 Формулари
 Елаборат за процена на штетата од елементарната непогода од 23.06.2006
 Статут на Општина Василево
 Контакти

 
Статут на Општина Василево

Врз основа на член 120 од Деловникот на Советот на општина Василево ("Службен гласник на ОВ"бр.06/97) Комисијата за Статут и прописи на седницата одржана на ден 23.11.2006 година го утврди пречистениот текст на Статут и прописи на општина Василево.
Пречистениот текст на Статутот на општина Василево ги опфаќа Статутот на општина Василево ("Службен гласник на ОВ" бр.04/03) и Статутот за изменување и дополнување на Статутот на општина Василево ("Службен гласник на ОВ" бр.08/06) во кои е означено времето на нивното влегување во сила.



СТАТУТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО
(пречистен текст)



И. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ


Член 1
Општина Василево (во понатамошниот текст општината) е единица на локална самоуправа, во која граќаните го остваруваат правото на локална самоуправа.
Правото на локална самоуправа се остварува преку претставници во органите на општината и со непосредно учество во одлучувањето.


Член 2
Граѓаните на Република Македонија кои имаат постојно место на живеење на подрачјето на општината, се жители на Општина Василево.
Подрачјето на општината е утврдено со закон и ги опфаќа подрачјата на населените места: Василево, Пиперево, Градошорци, Ангелци, Едрениково, Требичини, Варварица, Седларци, Владевци, Сушево, Доброшинци, Нова Маала, Висока Маала, Чанаклија, Нивичино, Кушкулија, Дукатино и Радичево.


Член 3
Општината е правно лице.


Член 4
Седиштето на Општината е во населено место Василево.


Член 5
Општината има право на сопственост.


Член 6
Општината има грб кој ја претставува општината и има форма што асоцира на штит.
Во горната половина на грбот, на сино небо е даден изгрев на сонцето. Долната половина со едноставна геометриска парцелизација го претставува Василевското поле. На средината е поставен грозд, како еден од карактеристичните производи на ова поднебје, додека трилисната круна над него е поставена со цел да асоцира како на тутунопроизводството, така и на подемот (никнувањето) на било која од многубројните култури што се одлгледуваат кај нас. На долниот дел од рамката на грбот има венец составен од симетрично поставен плод на афион и "низа". Афионот е предложен како симбол на плодноста и бериќетот, а "низата" која пред се остава впечаток на житен клас го нема доработено обликот на клас со намера да пружа асоцијација и на други низа производи карактеристични за овој регион. Под "штитот" е поставена хоризонтална жолта трака поивичена со зелена боја, на која со зелени букви пишува "Василево".


Член 7
Општината има знаме.
Знамето на општина Василево има правоаголен облик поделен дијагонално, при што долната страна е во зелена боја, а ја симболизира нашата животна средина, а горната страна во жолта боја, што го симголизира сончевиот зрак, симбол на желбата за слобода и светлина. На хоризонтално поставената основа е имплементиран грбот.


Член 8
 Општината има печат со тркалезна форма со пречник од 3 (три) сантиметри, во чија средина се наоѓа грбот на општината и на чии рабови е испишано "Република Македонија - Општина Василево".
 Печатот што го употребува Советот на општината, во вториот ред има натпис "Совет на општина".
 Печатот што го употребува градоначалникот, во вториот ред има натпис "Градоначалник".


Член 9
 Празник на општината е 16 Декември денот на конституирањето на Советот на општината.


Член 10
 Во општината се востановуваат општински признанија и награди.


Член 11
 Општината може, со одлука донесена од страна на Советот на општината, да се здружува во согласност со законот.


Член 12
 Општината соработува со општините од Републиката, со единиците на локална самоуправа од други земји, како и со меѓународни организации на локални заедници, како и да членува во меѓународни организации на локалните власти.
 Општината, заради остварување на заеднички интереси и вршење на заеднички работи од нивна надлежност, може со други општини од Републиката да здружува средства и да формира заеднички јавни служби, во согласност со законот.


 


Член 13
 Органите на општината, како и телата на Советот и јавните служби се должни да ги информираат граѓаните за својата работа и плановите за развој како и да им овозможат пристап до информациите на начин уреден со овој статут.


ИИ. НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНАТА


Член 14
 Општината самостојно, во рамките на законот и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со Законот за локална самоуправа, или друг закон, како и работите кои не се исклучени од нејзината надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.


Член 15
 Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1. Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
2. Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирано зрачење;
3. Локален економски развој, во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни приоритети, водење на локална економска политика, подршка на развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој котекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции  и агенции и промовирање на партнерство;
4. Комунални дејности во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистување на отпадни води, одведување и третман на атмосферски води, јавно осветлување, одржување на јавна чистота, собирање транспортирање и постапување со комунален цврст и технолошки отпад, уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавен простор за паркирање, отстранување на непрописно паркирани возила, отстранување на хаварисани возила од јавните површини. изградба и одржување на пазари, чистење на оџаците, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови, определување на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти;
5. Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
6. Спорт и рекреација, во смисла на развој на масовен спорт и рекреативни активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт, како и подршка на спортски сојузи;
7. Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа за воспитно - социјални проблеми, со посебни потреби, од еднородителски семејства како и деца од улица, лица изложени на социјален ризик, засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
8. Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
9. Здравствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и други области определени со закон;
10. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјални добра од воени разузнувања, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив;
11. Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
12. Надзор над вршењето на работи од надлженост на општината;
13. Други работи определени со закон.


Член 16
 Работите од членот 15 на овој Статут, се уредуваат со прописи на Советот на општината, во согласност со постапките и стандардите утврдени со закон.
  Работите од членот 15 на овој Статут, кои задолжително ќе ги извршува општината ќе бидат определени со посебните закони и национални програми.


Член 17
 Работите кои не се исклучени од надлежност на општината или не се во надлежност на органите на државната власт се определуваат со одлука на Советот на општината.
 Со одлуката од став 1 на овој член се уредува начинот и постапката за вршење на тие работи.


ИИИ. ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ
НА ОПШТИНАТА


1. Совет на општината


Член 18
 Советот на општината е преставнички орган на граѓаните.
 Советот на општината го сочинуваат 15 претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
 Мандатот  на членовите на Советот трае 4 (четири) години,
 Членот на Советот не може да биде отповикан.


Член 19
Членот на советот има право и должност:
- да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значање како и од значање за граѓаните во општината;
- да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
- да бара од администрацијата на општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции основани од општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
- да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот односно комисија во која членува;
- да ги чува како тајна податоците кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.



Член 20
 Советот на општината избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
 Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот на општината, се грижи за организацијата и работата на Советот и ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 (три) дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.
Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на советот, седницата на Советот ќе ја свика и води член на Советот кој претседателот на Советот сам ќе го определи од редот на членовите на Советот.


Член 21
 Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечена изјава која гласи:
 "Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија".


Член 22
 Советот на општината ги врши следните работи:
1. Донесува Статут на општината;
2. Донесува Деловник на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на општината и Годишна сметка на општината.
5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;
6. Донесува урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место;
7. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
8. Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;
9. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
10. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен закон или во согласност со  национална програма;
11.  Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
12. Донесува Програма за јавно осветлување;
13. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
14. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;
15. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и другите јавни површини од локално значење;
16. Донесува Програма за одржување на гробиштата;
17. Донесува Програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;
18. Донесува Одлука за јавна чистота;
19. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
20. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
21. Донесува Одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;
22. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
23. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење;
24. Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
25. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог на Градоначалникот;
26. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
27. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основала;
28. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала;
29. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;
30. Ги усвојува извештаите  за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала;
31.  Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
32. Одлучува за начинот за вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината, во согласност со закон;
33. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
34. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до Министерот за внатрешни работи и Народниот Правобранител;
35. Може да дава препораки на раководното лице  на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
36. Избира и разрешува претседател на Советот;
37. Формира постојни и повремени комисии;
38. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;
39. Востановува општински признанија и награди;
40. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;
41. Врши други избори и именувања од своја надлежност;
42. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;
43. Врши и други работи.


Член 23
Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на советот.
 Советот на општината одлучува со мнозинство на гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.
 Гласањето на седниците на Советот е јавно освен ако Советот не одлучи за одделни прашања гласањето да е тајно.


Член 24
Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на општината.


Член 25
 Вонредна седница се свикува за прашања од значење на безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотреси и сл.) и при посета на делегација од друга земја кога истата сака да се обрати на членовите на Советот.


Член 26
 Вонредната седница ја свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива на предлог на најмалку 1/3 од членовите или на предлог на Градоначалникот.
 Поканата за седницата со предложениот дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.
 Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа.


Член 27
 За претресување на прашања од своја надлежност Советот формира комисии.
 Комисиите на Советот се формираат како постојани и привремени.
 Мандатот на постојните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.


Член 28
 Постојани комисии на Советот се:
- Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
- Комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина;
- Комисија за општествени дејности;
- Комисија за Статут и прописи;
- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
- Комисија за земјоделие и заштита на животните и растенијата;
- Комисија за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
- Комисија за еднакви можности
- Комисија за односи меѓу заедниците
Комисиите се составени од  5  члена на Советот освен Комисијата за односи меѓу заедниците која е составена од 3 члена.


Член 29
 Комисиите на Советот на општината:
- расправаат за прашања од областа за која се формирани;
- даваат мислења и предлози до Советот;
- ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.


Член 30
 Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на општината, Буџетот и годишната сметка како и прашањата од планирањето и програмирањето на локалниот економски развој.


Член 31
 Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашањата од заштита на животната средина и природата.


Член 32
 Комисијата за општествени дејности ги разгледува прашањата од надлежност на општината а кои се однесуваат на културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштитата на децата.


Член 33
 Комисијата за Статут и прописи го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена на Статутот и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер.
 Го утврдува предлогот на деловникот на Советот.
 Подготвува предлог мислења по предлог законите кои се однесуваат на општината.
 Разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на општината.


Член 34
 Комисијата за мандатни прашања избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетните прашања.
 Разгледува и подготвува предлози за избор и именувања и разрешување од надлежност на Советот на општината;
 Определува надоместоци и други примања на избрани и именувани лица.
 Дава предлог за висината на надоместокот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на општината, како и на трошоците направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на општината.
 Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на општината на својата прва седница.


Член 35
 Комисијата за земјоделие и заштита на растенијата и животните ги разгледува прашањата за развој на земјоделието, развој на сточарството, прашањата за системот за наводнување на земјоделските површини, ја поттикнува изградбата на акумулациите за наводнување.


Член 36
 Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита ги разгледува прашањата од надлежност на општината а кои се однесуваат на јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита.


Член 37
Комисијата за еднакви можности врши промовирање на принципот за воспоставување на еднаквоста меѓу половите во уживањето на човековите права во сите области во општествениот живот како и отстранување на пречките за воспоставувањето во остварувањето на еднаквоста меѓу половите и воведување на еднакво учество на жените и мажите во сите сфери на општествениот живот.


Член 38
Комисијата за односи меѓу заедниците ја сочинуваат подеднаков број на претставници од секоја заедница застапена во општина Василево согласно официјалните резултати од последниот попис спроведен во Република Македонија, во делот кој се однесува за општина Василево.


Член 39
Комисијата се формира со Одлука на Советот на општината по предлог на Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања.
Одлуката за формирање на Комисијата за односи меѓу заедниците се усвојува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на општината.


Член 40
Предлогот за составот на Комисијата за односи меѓу заедниците го составува Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања врз основа на претходно објавен јавен повик за доставување на предлози за членови.
Комисијата од став 1 на овој член, го објавува јавниот повик на територијата на целата општина и тоа:
- Во Службениот гласник на општина Василево;
- Го истакнува на општинската огласна табла;
- Ја доставува содржината на јавниот повик до сите невладини организации и здруженија на граѓани во општина Василево, со препорака истиот да го истакнат на видно место во своите простории;
- Ја доставува содржината на јавниот повик до сите месни заедници со задолжение истиот да го истакнат на видно место во своите простории;
- Ја доставува содржината на јавниот повик до сите професионални организации и асоцијации, со препорака истиот да го истакнат на видно место во своите простории;
- Во просториите на образовните институции на територијата на општината.


Член 41
До Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик од членот 40 став 1 се доставуват предлози за избор на членови во Комисијата за односи меѓу заедниците.
За член на комисијата за односи меѓу заедниците се предлага лице кое е државјанин на Република Македонија, со постојано живеалиште во општината и против него да не е донесена правосилна пресуда со која е обвинет за сторител на кривично дело и изречена казна затвор во траење над три години.
За член на Комисијата за односи меѓу заедниците може да се предложи и член на Советот на општината.


Член 42
По истекот на рокот од член 41, Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања, по извршената проверка од член 41 став 2, го составува предлогот за состав на членови на Комисијата за односи меѓу заедниците и истиот го објавува согласно член 40 став 2 од Статутот, со утврдување на рок во кој секој граѓанин може да достави претставка до Комисијата за мандатни прашања избор и именувања со која потребно е да ги истакне сите факти и околности против изборот на еден или повеќе членови утврдени со предлогот.
Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања свикува седница во рок од 7 дена од денот на истекот на рокот за доставување на претставки од ставот 1 на овој член на која седница се покануват претседателите на месните заедници, претставници на релевантните здруженија на граѓани и се дискутира за угледот, инволвираноста во животот на заедницата и односот кон членовите на другите заедници за секој предложен член поединечно на Комисијата за односи меѓу заедниците.
Комисијата за мандатни прашања, избор и именувања по затварањето на дискусијата со претседателите на месните заедници и претставници на релевантините здруженија на граѓани, во продолжение на  седницата, сама, во својот состав, ги разгледува доставените претставки и дадени мислења и одлучува за уважувањето на истите и го доставува својот предлог на наредната седница на Советот на општината.


Член 43
Комисијата за односи меѓу заедниците разгледува прашања и дава мислења на Советот на општината кои се однесуваат на прашањата поврзани со односите меѓу заедниците кои се застапени во општината, особено во врска со прописите од член 41 точка 3 од Законот за локалната самоуправа.
Комисијата за односи меѓу заедниците му предлага на Советот начини за решавање на работи од важност за односите меѓу заедниците застапени во општината.
Расправа за работи или прашања кои можат да влијаат или се од важност за односите меѓу заедниците и работи на промовирање на добри односи меѓу заедниците.
Изготвува мислење за Годишната програма за работа и Предлог-Буџетот на општината.


Член 44
Во постапката на поднесување на мислење или предлог до Советот, Комисијата определува свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.


Член 45
Седниците на комисијата се јавни. Градоначалникот и претседателот на Советот можат да присуствуваат и активно да земат учество во работата на комисијата без право на глас.


Член 46
Претседателот на Комисијата за односи меѓу заедниците се избира со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на комисијата.
Со седниците на Комисијата за односи меѓу заедниците претседава претседателот на Комисијата.


Член 47
Седниците се свикуваат по иницијатива на претседателот на Комисијата или по иницијатива на:
- Било кој член на Комисијата;
- Претседателот на Советот на општината;
- 30% од членовите на Советот;
- Градоначалникот;
- Месна заедница.


Член 48
Пред одржувањето на секоја седница, согласно Статутот и Деловникот на Советот ќе го достави дневниот ред на наредната седница на Советот на општината на секој член на Комисијата за односи меѓу заедниците најмалку седум дена пред датумот на одржувањето на седницата.


Член 49
Комисијата одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Комисијата.
Мислењата на членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците кои не се согласуваат со донесената одлука или мислење се приложуваат кон текстот на актот и се доставува до Советот.


Член 50
Општината обезбедува услови за непречена работа на комисијата.          Со буџетот на општината се предвидуват финансиски средства за обезбедување непречено работење на Комисијата.
Општината е должна да обезбеди простор за одржување на седниците на Комисијата, како и надомест на патните и трошоците за учество во работата на Комисијата.


Член 51
 Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
 Предлогот за избор содржи онолку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
 Политичките партии кои партиципираат во Советот на општината ќе бидат пропорционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.
 
Член 52
 Начинот на работа на комисиите поблиску се утврдува со Деловникот на Советот на општината.



2. Градоначалник на општината


Член 53
 Градоначалникот ја претставува и застапува општината.
 Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласење во согласност со закон за период од 4 (четири) години.
 Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.


Член 54
 Градоначалникот во рамките на своите надлежности:
- иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
- Градоначалникот ја контролира законитоста на прописите на Советот на општината;
- редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
- го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;
- го предлага годишниот Буџет и годишната сметка на Буџетот на општината;
- го извршува Буџетот  на општината;
- избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на конкурс;
- решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;
- раководи со општинската администрација;
- донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
- одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
- врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.
Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.


Член 55
 Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во Службен гласник на општината.
 Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.


Член 56
Градоначалникот е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на донесувањето на прописот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека е во несогласност со Уставот и законите.
 Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот на општината.
 Советот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
 Ако Советот го потврди прописот или не расправа во рокот од ставот 3 од овој член, Градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија.
 За иницијативата Градоначалникот е должен да го извести Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.


Член 57
 Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на секои 3 (три) месеци во текот на годината.
 За извршување на своите надлежности Градоначалникот го информира Советот по потреба, а најмалку 2 (два) пати во годината.


Член 58
 Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.
 Во управувањето со сопственоста на општината Градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со законот.


Член 59
 За време на спреченост или отсуство до шест месеци Градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува Градоначалникот.
 Во рок од 30 (триесет) дена од денот на преземањето на функцијата Градоначалникот е должен со решение да го определи членот на Советот кој би го заменувал.
 Решението од став 2 на овој член се објавува во Службен гласник на општината.
 За денот на настапувањето на спреченоста или отсуството Градоначалникот го информира претседателот на Советот.
 На членот на Советот му мирува функцијата член на Советот за време кога го заменува Градоначалникот.


 


Совет за заштита на потрошувачите.
 
Член 60
 Советот на општината за разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби основани од него, може да формира Совет за заштита на потрошувачите. 


Член 61
 Советот за заштита на потрошувачите е составен од 7 (седум) члена, од кои 3(три) члена се избираат од редот на правните лица и 4 (четири) члена од редот на физичките лица како корисници на услугите што ги даваат јавните служби.
 Членовите на Советот за заштита на потрошувачите се избираат на предлог на Комисијата за мандатни прашања избори и именување.
 Мандатот на членовите трае 2(две) години со можност повторно да бидат избрани.


Член 62
 Советот  за заштита на потрошувачите ја прати состојбата на квалитетот на услугите што ги даваат јавните служби, дава мислење и предлози за подобрување на квалитетот на услугите, организира јавни трибини, соработува со јавните служби и општинската администрација.


Партиципативно тело од областа на урбанизмот


Член 63
Во општината се формира Партиципативно тело од областа на урбанизмот, заради пренесување на ставовите и мислењата на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичкото  планирање, како  и заради следење на состојбите и давање иницијативи, насоки и сугестии во процесот на планирање и изготвување плански решенија за општината.
 Партиципативното тело од областа на урбанизмот се состои од 5 членови.


Член 64
Одлука за формирање на Партиципативното тело од областа на урбанизмот донесува Советот, на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именување.
 Членовите на Партиципативното тело од областа на урбанизмот се избираат:
- од редот на членовите на Советот;
- по предлог на облиците на месна самоуправа;
- по предлог на здруженијата на граѓани;
- здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот и
- од општинската администрација.


 



Член 65
Партиципативното тело од областа на урбанизмот од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на партиципативното тело, со јавно гласање.


Член 66
Партиципативнотото тело од областа на урбанизмот работи на седници.
Седниците по правило се јавни.
Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на Партиципативното тело од областа на урбанизмот.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови.
Партиципативното тело од областа на урбанизмот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот членови.
На седниците можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на советот, без право на одлучување.



ИВ. АКТИ НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА


а) Општи акти
Член 67
 Статутот е основен акт на општината со кој се утврдуваат основните прашања во врска со надлежностите и организацијата на општината и други прашања од значење за општината.
 Статутот на општината се донесува во две фази и тоа како нацрт - Статут и предлог-Статут.
 Статутот на општината го донесува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на општината.


Член 68
 Советот на општината донесува деловник на Советот, одлуки, планови и програми, решенија, заклучоци и други акти и дава мислење и утврдува насоки.


Член 69
 Со Деловникот на Советот се уредува начинот на работа на Советот и неговите комисии, постапките за одлучување и односите со другите органи.
 Деловникот на Советот на општината се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот на општината.


Член 70
 Со одлука на Советот се уредуваат работите од локално значење од надлежност на општината.
 Со одлука на Советот на општината, се основа општинска администрација и се уредува начинот на нејзиното работење и се основаат јавните служби.
 Со одлука Советот уредува и други прашања од своја надлежност.
Член 71
 Советот донесува заклучоци кога разгледува пооделни извештаи, информации и анализи.
 Советот дава мислење и утврдува насоки за извршување на прописите и другите акти што ги донесува Советот на општината.


Член 72
 Постапката за донесување на општи акти се уредува со Деловникот на Советот на општината.
 Општите и други акти се објавуваат во службен гласник на општината.
 Општите акти стапуваат во сила 8 (осмиот) ден од денот на објавувањето, а по исклучок што го утврдува Советот на општината со денот на објавувањето.
Прописите на советот можат да влезат во сила и во покус рок од 8 дена ако:
- причините поради кои се предлага донесувањето на прописот и целите што се сака да се постигнат со негово донесување се од итен и неодложен карактер;
- не создаваат материјални обврски за граѓаните и правните лица;
- прашањата што се регулираат се од сферата на одбраната, заштитата и спасувањето и сл.;
- тоа го налагаат начелата на целисходност, рационалност, ефикасност, економичност, оперативност и сл.


б) Поединечни акти


Член 73
 Советот и Градоначалникот во рамките на својата надлежност донесуваат поединечни акти.
 Советот донесува решенија за избор и именување.
 Градоначалникот на општината донесува решенија.


Член 74
 Градоначалникот на општината е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на актите да ги објави во Службен гласник на општината.


Член 75
 За објавените акти се води посебна збирка.
 Збирката може да ја користат граѓаните и истата ќе биде во секое време на увид.


В. ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
     ВО  ОДЛУЧУВАЊЕТО  НА  ОПШТИНАТА


а) Граѓанска иницијатива


Член 76
 Граѓаните имаат право да му предложат на Советот на општината да донесе одреден акт или да реши одредени прашања од своја надлежност.
 Советот е должен во рок од 90 дена да расправа по иницијативата на граѓаните доколку истата е подржана од најмалку 10% од избирачите од општината.
 Подршката од став 2 на овој член обезбедува со потписи на граѓаните.
 За решенијата по поднесената иницијатива Советот ги информира граѓаните.
 Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања.


б) Собир на граѓани


Член 77
 Собир на граѓани свикува Градоначалникот по своја иницијатива, на барање на Советот или на барање на најмалку 10% од избирачите на општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определено прашање.
 Собир на граѓани може да се свика за подрачјето на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа.
 Градоначалникот е должен во рок од 30 дена да свика собир на граѓани на барање од најмалку 10% од избирачите во општината или месната самоуправа за која се однесува определеното прашање.
 Барањето за свикување собир на граѓани со потписи на заинересираните граѓани се поднесува до Градоначалникот.
 Актот за свикување на собирот на граѓаните се објавува во локалните средства за информирање и се истакнува на јавни места на вообичаен начин.
 Од денот на објавувањето, односно истакнувањето на актот за свикување на собирот на граѓаните до денот на неговото одржување мора да изминат најмалку 5 дена.


Член 78
 На собирот на граѓани во одлучувањето учествуваат граѓаните кои имаат избирачко право.
 Собирот на граѓаните го води Градоначалникот или лице овластено од него.
 За прашањата за кои се расправа на собирот на граѓани известува Градоначалникот а по потреба и други овластени преставници на општинската администрација.


Член 79
 Заклучоците донесени на собирот на граѓани, органите на општината се должни во рок од 90 дена да ги разгледаат и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки.



в) Референдум


Член 80
 Референдум може да распише Советот на општината по своја иницијатива за прашања од негова надлежност.
 Советот е должен да распише референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на општината.
 Барањето за распишување на референдум се доставува до Советот на општината со потписи на заинтересираните избирачи дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на граѓаните на општината.


Член 81
 По барањето за распишување на референдум Советот на општината во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето донесува одлука за распишување референдум.
 Одлуката за распишување на референдум содржи предмет на референдумот и денот на неговото одржување.


Член 82
 Одлуката за распишување референдум се објавува во службено гласило и другите средства за објавување во општината.
 Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдумот до денот на одржувањето на референдумот не може да поминат помалку од 15 дена, нити повеќе од 60 дена.


Член 83
 Право на гласење на референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право.
 Референдумот го спроведува Комисија за спроведување на референдумот.
 Претседателот и членовите на Комисијата ги именува Советот на општината.


Член 84
 Комисијата за спроведување на референдумот:
- го определува времето на гласење;
- врши технички подготовки за спроведување на референдумот;
- ги определува гласачките места;
- ги утврдува резулататите од гласањето и
- се грижи за законито спроведување на референдумот.


Член 85
 За спроведување на гласањето на референдумот, Комисијата за гласачките места формира одбори за спроведување на референдумот.
 Одборите ја спроведуваат правилноста и тајноста на референдумот.


Член 86
 Времето на гласањето мора да се определи така што да им се овозможи учество на рефрендумот на сите граѓани што имаат право на глас.
 На гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во избирачкиот список, гласањето може да заврши и пред истекот на вреето определено за гласење.


Член 87
 Прашањето, односно актот што е предмет на референдумот мора да биде на соодветен начин изложено на гласачкото место.
 Членовите на одборот се должни на граѓанинот што пристапил на гласење, по негово барање да му дадат објаснување за предметот на референдумот и за начинот на гласење.


Член 88
 На референдумот секој граѓанин има право само на еден глас.
 Граѓанинот може да гласа само лично.


Член 89
 На референдумот се гласа со гласачко ливче.
 Содржината на гласачкото ливче ја пропишува Комисијата за спроведување на референдумот.
 Прашањето на гласачкото ливче мора да биде формулирано прецизно и недвосмислено така што граѓанинот на референдумот да може да одговори со "ЗА" или "ПРОТИВ" предлогот.


Член 90
 Граѓанинот на референдумот се изјаснува така што на гласачкото ливче го заокружува зборот "ЗА" или "ПРОТИВ".
 Кога на референдумот се поставени повеќе алтернативи, граѓанинот се изјаснува така што го заокружуваат зборот "ЗА" или "ПРОТИВ" од алтернативата за која гласа.


Член 91
 По завршувањето на гласањето Одборот го утврдува резултатот од гласањето на гласачкото место и за тоа составува записник.
 Формата и содржината на записникот го пропишува Комисијата за спроведување на референдумот.
 Веднаш по составување на записникот, Одборот доставува извештај до Комисијата за спроведување на референдумот.


Член 92
 Комисијата за спроведување на референдумот врз основа на примениот гласачки материјал од сите гласачки места го утврдува резултатот од референдумот.
 Одлуката на референдумот се донесува со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.
 Одлуката донесена на референдумот е задолжителна за Советот.
 Комисијата за спроведување на референдумот поднесува извештај за спроведениот референдум до Советот на општината.


Член 93
 Прашањето, односно актот што граѓаните не го прифатиле на референдумот не може повторно да се изнесува на референдум пред истекот на 6 (шест) месеци од денот на одржувањето на референдумот.



г) Информирање на граѓаните и слободен пристап до информации од јавен карактер


Член 94
Органите на општината, комисиите на советот на општината и јавните претпријатија и установи основани од општината ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосреднои значење за животот и работата на граѓаните во општината и за други информации од јавен интерес.
 Граѓаните се информираат за:
- прописите кои ги донесува Советот на Општината;
- начинот и условите за остварување на нивните права;
- обврските на граѓаните кои произлегуваат од надлежност на општината;
- плановите, проектите и програмите кои се во подготовка а се од значење за равојот на општината;
- услугите кои ги добиваат од јавните служби и градската администрација и начинот на нивно добивање;
- приходите кои се остваруваат во општината и начинот на нивна распределба и трошење;
- јавните набавки;
- именувањето на директори и претставници во управните одбори на јавните претпријатија и установи;
- други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на општината и јавните претпријатија и установи во соглсност со законот.


Член  95
Информирањето на граѓаните се врши редовно, без надоместок, преку:
- издавање Службен гласник на општината;
- издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени;
- објавување на публикации;
- информативни канцеларии водени од општинската администрација и јавните служби основани од општината;
- огласни табли (во простории на општината, јавните претпријатија и установи, месната самоуправа);
- веб-сајт;
- јавни трибини;
- средствата за јавно информирање и
- на друг соодветен начин кој е најповолен за информирање на јавноста.


Член  96
Информирањето на граѓаните се врши на службените јазици кои се користат во Општината.
 Советот на Општината со посебна одлука може да утврди за одредени информации да се информира и на јазикот кој не е службен јазик во општината, а го зборуваат дел од жителите на општината.


Член  97
 Во Општината се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен какрактер со кои располагаат органите на Општината (Советот и градоначалникот), јавните претпријатија и установи основани од Општината и правни и физички лица кои вршат овластувања доверени од Општината (во натамошниот текст: иматели на информации).
 По исклучок, во случаи утврдени со закон, право на слободен пристап до некои информации со кои располагаат имателите на информации од став 1 на овој член, може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.


Член 98
За информации со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап, имателите на информации востановуваат и водат листа на информации која се објавува на начин кој е достапен за барателите на информации.
За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните се известуваат преку огласна табла или на друг погоден начин.
Имателите на информации се должни редовно на секои три месеци да ја ажурираат листата на информации од јавен карактер со кои располагаат.
Листата на информации од јавен карактер за органите на општината ја предлага Градоначалникот, а ја утврдува Советот.
Листата на информации од јавен карактер за јавните претпријатија и установи основани од општината ја утврдува управниот одбор на предлог на директорот.


Член 99
Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се остварува во согласност со закон.
Градоначалникот на општината создава услови и презема мерки пропишани со закон за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат Советот на општината и администрацијата.
Директорот на јавното претпријатие и јавната установа основана од општината создава услови и презема мерки пропишани со закон за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат согласно статутот на претпријатието или установата.
Член 100
Слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации имаат сите правни и физички лица (во натамошниот текст: барател на информацијата).
Слободен пристап до информации се остварува во законски утврдениот рок:
- со увид во документите со кои располага имателот на информацијата;
- со добивање препис, фотокопија или електронски запис од документите со кои располага имателот на информацијата.
Имателот на информацијата за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите определува службено лице.


Член 101
Барателот на информацијата за извршениот увид или добиениот препис, фотокопија од елктронски запис на информацијата, плаќа соодветен надоместок во висина на материјалните трошоци, утврдени на начин уреден со закон.
Барателот на информацијата при поднесувањето на барањето се известува за плаќањето и висината на соодветниот надоместок.


Член 102
Барателот на информацијата има право на жалба до надлежниот орган за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер доколку имателот на информацијата не ја достави бараната информација.


Член 103
Советот на општината усвојува Годишен извештај за остварување на правото на слободен пристап до информациите во минатата година во општината.
Годишниот извештај за остварување на слободен пристап до информации го подготвува Градоначалникот на општината и го доставуа до Советот, најдоцна до 31 јануари во тековната година.
Извештајот од став 1 на овој член ги содржи и податоците за остварениот слободен пристап до информациите со кои располагаат и јавните служби кои ги формира општината.
Извештајот од ставот 1 на овој член по усвојувањето се доставува до надлежниот орган за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.


г) Претставки и предлози


Член 104
 За работата на органите на општината и општинската администрација, граѓаните имаат право, поединечно или заеднички со другите да доставуваат претставки и предлози.


 


Член 105
 Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма или усно на записник, поединечно или групно, до Градоначалникот.
 За претставките и предлозите не се плаќа такса.


Член 106
 Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесување на претставка, нити поради тоа може да биде повикан на одговорност.


Член 107
  Постапувањето по  претставките и предлозите опфаќа прибирање на податоци, известувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на претставката, како и преземање на потребни мерки за отстранување на повредата на правото на подносителот или повреда на јавните интереси.


Член 108
 Градоначалникот на општината е должен најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот на подносителот да му достави образложен одговор.
 Ако претставката или предлогот не се однесуваат на работата од надлежност на органите на општината, Градоначалникот ги доставува до соодветниот надлежен орган и за тоа го известува подносителот.


д) Јавни трибини, анкети и предлози


Член 109
 Органите на општината, при донесувањето на прописи од својата надлежност претходно можат да организират јавна трибина, да спроведат анкети или да побараат предлози од граѓаните.
 Јавната трибина се организира кога се донесуваат прописи за прашања од локалниот економски развој, комунални потреби (водоснабдување, одржување на јавна чистота, одржување на локални патишта и улици) и други прашања од пошироко локално значење;
 Анкетата се спроведува за донесување на урбанистички планови и други прашања од локално значење;
 Прибирање предлози од граѓаните за решавање на прашања од локално значење ќе се врши преку објавување на соопштение со кое ќе се повикаат граѓаните да даваат свои предлози;
 Начинот и постапката на организирањето јавна трибина, спроведувањето анкета и прибирањето предлози од граѓаните се уредува со Деловникот.


ВИ. ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ОБЛАСТА НА
      ОДБРАНАТА ВО ВОЕНА СОСТОЈБА


Член 110
 Во воена состојба органите на општината:
- продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и
- преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Општината се подготвува за извршување на обврските од став 1 на овој член преку:
- планирање и организирање на мерките за заштита и спасување за свои потреби;
- формирање единица и штабови за цивилна заштита, во согласност со закон и прописи засновани на закон;
- обучување за одбрана, односно вклучување во активности за стекнување на неопходни воено-стручни и други знаења за учество во одбраната;
- преземање мерки, активности и постапка за заштита и чување на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната, во согласност со закон и прописи засновани на закон;
- координација и соработка со другите општини.


ВИИ. СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА


Член 111
 Сопственоста на општината ја сочинуваат неподвижни и подвижни ствари, парични, средства и права.
 Сопственоста општината ја стекнува од сопствени извори на приходи, по пат на финансирање од граѓаните или со нивно учество на друг начин, од подароци и по други основи.


Член 112
 За купување, отуѓување и оптоварување на сопственоста на општината одлучува Советот на општината.
 Отуѓување на сопственоста на општината се врши само по пат на јавно надавање, согласно закон.
 Продажната цена на стварите не смее да биде помала од нивната пазарна вредност.
 Средствата добиени од продажбата на стварите може да се инвестира само за стекнување на нови или реконструкција на постојни ствари во сопственост на општината.


Член 113
 Општината ја евидентира својата сопственост и нејзината проценка се искажува во годишна сметка.


Член 114
 Стварите во сопственост на општината можат да се дадат на користење на други субјекти по пат на јавно наддавање, во согласност со закон.


Член 115
 Општината се финансира од сопствени извори на приходи, локални даноци, надоместоци и такси утврдени со закон, донации од државата и други и други извори на приходи утврдени со закон.
 Општината во рамките на своите надлежности, самостојно располага со сопствените извори на приходи.


Член 116
 Приходите и трошоците на општината се утврдуваат со Буџетот на општината.
 Буџетот на општината содржи биланс на приходи и трошоците на Буџетот, а се однесува за фискална година од 12(дванаесет) месеци која почнува од 1-ви јануари, а завршува на 31-ви декември од секоја календарска година.


Член 117
 Предлогот на Буџетот на општината го утврдува Градоначалникот и го доставува до Советот на општината за донесување не подоцна од средината на месец ноември.
 Советот на општината не може да го разгледува предлогот на општината пред истекот на 20 (дваесет) дена од денот на донесувањето до советниците на Советот на општината.


Член 118
 За секоја промена на Буџетот на општината, за дополнително усвоени трошоци пропратено со мерки што ќе ги зголемат предложените приходи или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ, одлука донесува Советот на општината.


Член 119
 За покривање на непредвидните барања за трошоци кои ќе се појават во текот на Буџетската година, од вкупните тековни и капитални трошоци се издвојува Буџетска резерва во висина утврдена со закон.
 За користење на средствата од Буџетската резерва одлучува Советот на општината по предлог на Градоначалникот на општината.
 Советот на општината со одлука може да го овласти Градоначалникот за начинот на користење на Буџетската резерва.


Член 120
  До колку Буџетот на општината за наредната година не биде донесен до 31-ви декември во тековната година, ќе се постапи согласно со законот за Буџетите и се воведува времено финансирање и тоа најдолго за 6 (шест) месеци.


Член 121
 На крајот на секоја фискална година се изготвува годишна сметка на Буџетот на општината.
 Годишната сметка на Буџетот, Советот на општината треба да ја усвои најдоцна до 31-ви март во тековната година, за претходната година.


Член 122
 Извршувањето на Буџетот на општината го врши Градоначалникот, а поконкретно се уредува со одлуката за извршување на Буџетот на општината.
ВИИИ. МЕСНА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНАТА


Член 123
 Граѓаните во општината одлучуваат и за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со овој Статут.


Член 124
 Во општината како облици на месна самоуправа можат да се основаат во   населените места - месни заедници.


Член 125
Обликот на месна самоуправа се основа согласно катастарската општина на населеното место.


Член 126
 Иницијатива за основање облици на месна самоуправа можат да покренат најмалку 10% од граѓаните, жители на подрачјето за кои има интерес за основање облик на месна самоупрва.


Член 127
 Иницијативата за основање содржи: подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање на обликот на месна самоуправа, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани.
 Иницијативата за основање се доставува до Советот на општината кој ја разгледува и оценува дали се исполнети условите и основани потребите за основање на облик на месна самоуправа.


Член 128
 Одлуката за основање на облик на месна самоуправа се донесува на Собир на граѓани од соодветното подрачје по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните граѓани.


Член 129
 Граѓаните преку облиците на месната самоуправа, во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат за:
- решавање на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје;
- изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.);
- заштита на животната средина и природата;
- уредување и одржување на гробишта во селските населби;
- покренување иницијатива за уредување на просторот;
- организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
- други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.
Советот на облициите на месната самоуправа дава иницијатива и предлози до надлежните органи на општината, за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања  од интерес на граѓаните. 
Член 130
Работите од членот 96 на овој Статут се финансираат од:
- средства кои што општината им ги одстапи на облициите на месна самоуправа согласно со плановите и програмите за нивниот развој;
- средства што граѓаните непосредно ги здружуваат;
- средства што ќе ги издвојат заинтересираните правни и физички лица;
- средства од надомест на услуги и
- подароци и други средства.


Член 131
 Орган на облиците на месна самоуправа е Советот.
 Советот го избираат граѓаните на обликот на месната самоуправа на собир на граѓани со јавно гласење, доколку Собирот не одлучи гласањето да биде тајно.
 Советот е составен од 3 (три) до 7 (седум) члена.
 Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.


Член 132
 Одлука за распишување на избор на членови на Советот донесува Советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.
 Ако Одлуката од став 1 на овој член не се донесе во утврдениот рок, Одлуката за распишување на избор на членови на Советот донесува Градоначалникот на општината во рок од 15 дена.


Член 133
   Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот се врши на Собир на граѓани.
 За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број  гласови од присутните граѓани на Собирот.


Член 134
 Постапка за предлагање, утврдување и избор на членови на Советот поблиску се уредува со Правилата за работа на обликот на месна самоуправа.



Член 135
 За избрани членови на Советот се сметаат кандидати кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.


Член 136
 Советот од своите членови избира претседател кој го преставува и застапува обликот на месната самоуправа.
 Советот донесува правила со кои се уредува работата на обликот на месната самоуправа како и програма за работа, по претходно мислење на Советот на општината.


Член 137
 Градоначалникот на општината, со решение може да делегира вршење на определена работа од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите, на претседателот на Советот на обликот на месната самоуправа.
 Средствата потребни за извршување на работите, од ставот 1 на овој член се утврдуваат во решението за делегирање на надлежноста.
 Со решението се определува органот и начинот на вршење на надзор над извршувањето на работите од ставот 1 на овој член.


Член 138
 Општинската администрација ги врши стручните, административно - техничките и сметководствено финансиските работи на органот на обликот на месната самоуправа.
 Контрола над трошењето на средствата што ќе бидат пренесени за извршување на делегираните надлежности врши општинската администрација.


ИЏ. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА УРЕДУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА
      ГРБОТ И ЗНАМЕТО НА ОПШТИНАТА


Член 139
 Грбот и знамето на општината се утврдуваат со одлука на Советот на општината.
 За утврдување на грбот и знамето на општината, Советот на општината распишува конкурс и образува комисија.


Член 140
 Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб, односно знаме на општината и го доставува до Советот на општината на усвојување.


Член 141
 Советот на општината со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот одлучува по предлогот на комисијата.
 Одлуката на Советот за утврдување на грб, односно знаме на општината е составен дел на Статутот на општината. 


Член 142
 Грбот на општината се употребува во состав на печатот на општината.
 Грбот на општината може да се употребува и на официјални покани, честитки и на слични акти што ги користат Советот и Градоначалникот на општината.
 Советот на општината може да одобри употреба на грбот  на општината на физички и правни лица, ако оцени дека е во интерес на општината.


Член 143
 Знамето на општината се истакнува на зградата на општината и на видни места во општината.
 Знамето на општината може да се истакнува и при меѓународни средби, натпревари и други собири на кои учествува или е презентирана општината.


Член 144
 Грбот и знамето на општината не смеат да се употребуваат ако се оштетени или со својот изглед се неподобни за употреба.


Џ. ЗАШТИТА НА ОПШТИНАТА


Член 145
 Иницијатива за оцена на уставноста на законите и уставноста и законитоста на општите акти на Министерствата и други органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со Уставот и законите, може да поднесат Советот односно Градоначалникот на општината до Уставниот суд на Република Македонија.


Член 146
 Градоначалникот на општината има право да бара судска заштита пред надлежните судови кога на општината и се попречува вршење на дадените надлежности со Устав и закон, со акти и активности на органите на државна управа и на Владата на Република Македонија.


ЏИ. ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА
      СТАТУТОТ НА ОПШТИНАТА


Член 147
 Измени и дополнувања на Статутот на општината можат да предложат намлаку 1/2 од членовите на Советот на општината, Градоначалникот на општината или најмалку 10% од избирачите во општината.
Член 148
 Одлука за пристапување кон измени на Статутот донесува Советот на општината со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.


Член 149
 Измените на Статутот на општината се донесени ако за нив гласале мнозинство од членовите на Советот на општината.


ЏИИ. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


Член 150
 Одредбите од членовите 14, 15 и 16 од Статутот на општина Василево ("Службен гласник на општина Василево бр. 5/97) ќе продолжат да се применуваат се до донесувањето на посебните закони.


 


Член 151
 Имателот на информации од член 97 на овој статут се должни во рок од шест месеци од денот на донесувањето на овој статут да ја донесат и објават листата на информации од член 98.


Член 152
Градоначалникот на општината во рок од три месеци од денот на донесувањето на овој Статут, согласно актот за организација на општинската администрација, ќе распореди државен службеник од администрацијата кој ќе ги извршува работите на посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.


Член 153
Во рок од 3 месеци од денот на влегувањето во сила овој Статут, општината ќе ги воведе во евиденција постојните облаци на месната самоуправа, основани во согласност со Статутот на општината.


Член 154
 Со денот на влегување во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на општина Василево ("Службен гласник на општина Василево бр.5/97).


Член 155
 Овој Статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на општина Василево".


 


 


 



Комисија за Статут и прописи
Претседател,
Зоран Трајков с.р.


 


 


 


 


 



Untitled Document

Пребарување
Внесете клучни зборови:
  во
 
Актуелно
 Новости
 СООПШТЕНИЕ
 ЈАВНИ НАБАВКИ
 Продажба на градежно земјиште
 Е-Градежна дозвола

http://www.jugoinfo.mk/index.php?id=23
http://www.president.gov.mk/
http://www.vlada.mk
http://www.uslugi.gov.mk
http://www.zels.org.mk
http://www.macedonia.usaid.gov
http://www.un.org.mk
www.mt.com.mk
 
     
Copyright © 2005 Municipality of Vasilevo, All rights reserved