„Денес имав чест заедно со Ridvan Mehmet , на покана на Амбасадорот на Република Турција, г. Фатих Улусој, да присуствувам на свеченото одбележување на 102 години од основањето на Републиката Турција“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, по повод неговото присуство на прославата за одбележувањето на 102 годишнината од основањето на Р.Турција, организирана во резиденцијата на турската Амбасада во Скопје.
Во објавата, градоначалникот Андонов се осврнува и на поврзаноста и долгогодишното пријателство и соработка кои општина Василево ги негува и развива во текот на сите изминати години.
„Пријателството меѓу македонскиот и турскиот народ е длабоко и искрено — градено со меѓусебна почит, доверба и заеднички визии за развој. Македонија и Турција продолжуваат да ги поврзуваат културата, економијата и заедничките вредности што нè сплотуваат како народи и партнери“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Резултат на соработката на општина Василево со општини од Р.Турција како и со владини и невладини здруженија и институции се повеќето донации кои општина Василево ги има добиено, реализацијата на проекти кои го подобруваат секојдневното живеење посебно во населените места со турско население, како и збратимувањето со општина Согут.
