Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку социјалните мрежи споделувајќи информација за вчерашниот пожар кај населените места Владевци и Сушево упати и апел до граѓаните: да не палат оган на отворено.
„Пожарот во Владевци и Сушево е ставен под контрола. Благодарност до ТППЕ , Струмица, (Територијална противпожарна единица) и до локалните жители кои спречија голема штета. Пожарот беше во непосредна близина на првите куќи. Упатувам апел до жителите, да не палат оган на отворено, да не палат стрништа и воопшто да ги почитуваат мерките и апелите од надлежните институции со што во овие екстремно топли денови, би се избегнале пожарите и последиците од нив“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Потсетуваме дека на сила е забраната за движење во шумите и дека мината недела, на територијата на цела држава, поради зголемена појава на пожари и полесно справување со истите, Владата прогласи 30 дневна кризна.
Во пракса ова ќе овозможи интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции мобилизирање на сите ресурси со цел справување со пожарите и заштита на населението.