Локалната патна инфраструктура во населеното место Добрашинци од денес е побогата со уште една асфалтирана улица. Имено, улицата која во петокот се тампонираше и подготвуваше за сафалтирање, веќе е целосно готова.
Оваа улица, општина Василево ја реализираше во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2023 година и истата е изградени со средства обезбедени од општинската каса. Вкупниот Буџет изнесува 397 025 денари, должината е 130 метри а ширината околу 3 метри односно онолку колу што дозволуваат условите на терен.
И денес, на лице место во финалната изградба од улицата беше градоначалникот на општина Василво, Славе Андонов.





