Денес во населеното место Нова Маала, локалната самоуправа Василево асфалтираше улица чија изградба старуваше пред неколку денови а истата беше планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година и Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2023 година. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изврши увид во завршните активности.
Согласно тендерската документација и информациите од изведувачот должината на оваа улица изнесува 165 метри, ширината е 3,5 метри, одноцно вклучително со проширувањето од едната страна вкупната асфалтна површина изнесува 590 м2 .
Буџетот за изградба на оваа улица изнесува 862 365 денари, средства обезбедени од општинската каса.





