Асфалтирано игралиштето за мал фудбал во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ Василево

„Ветувањето дадено во мојата програма го реализирам. Денес повеќенаменското игралиште во Василево се асфалтира.

Во наредниот период ќе биде нанесено на асфалтна подлога, акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта. Целосно ќе се реконструира постоечката ограда, со оградување од сите четири страни, заштитна ограда висока 4 метри. Ќе биде поставено ново лед осветлување. Многу генерации од сите населени места во Општина Василево имаат спомени од детството и училишните денови на оваа игралиште . Василево ќе добие ново квалитетно место за рекреирање, исто така оваа година во летниот период ќе биде организиран еден од најдобрите турнири во мал фудбал во регионот“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со целосната реконструкција на училишното игралиште на ООУ „Говце Делчев“, во Василево.

Согласно   Договорот со изведувачот, асфалтната подлога е поставена на  на простор од 1000 м2 и на истата ќе биде  нанесена  акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта.

Од спортски реквизити, игралиштето ќе биде опремено со два самостоечки гола со мрежа според  ИХВ стандардите како и два коша по стандардите на ФИБА. Согласно тендерската документација планирано е поставување и на четири клупи за седење и корпи за отпадоци.

Средствата за реализација на овој проект, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесуваат 4.919.004 денари, и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

За наредниот период Градоначалникот најави нови повеќенаменски игралишта и во населените места Чанаклија, Висока Маала, Радичево и Владевци.

2_1024x576 4_576x768 5_576x768 6_576x768

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail