Асфалтирано повеќенаменското игралиште во Чанаклија

Викендов општина Василево го асфалтираше повеќенамнеското игралиште во населеното место Чанаклија, чија изградба започна неодамна и се одвива во континуитет.

Согласно документацијата, асфалтната подлога изнесува 990 м2 .  Заради специфичноста на теренот  од едната страна на три нивоа се поставени габиони, односно специјален камен во жичени кутии.

Целосната изградба на игралиштето која ќе биде во периодот што следува, ќе финишира со негово оградување и одбележување,   поставување на  стативи за голови и кошеви, четири лед рефлектори, како и клупи и корпи за отпадоци, како дел од парковата инфраструктура.

Изградбата на ова игралиште е планирана со Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2023 година, кога  беше спроведена и постапката за јавна набавка.

Согласно Договорот со компанијата која го гради игралиштето,  Буџетот за целосна реализација на сите планирани активности изнесува  околу 3,5 милиони денари.

Асфалтирањето на игралиштето го следеше градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, го најави и почетокот на изградба на ново повеќенаменско игралиште во населеното место Висока Маала: „Чанаклија добива ново квалитетно место за рекреирање. Во наредниот период ќе започне изградбата на ново повеќенаменско игралишта во Висока Маала! Го менуваме ликот на Општина Василево“, напиша Андонов.

2_576x768 3_1024x768 4_1024x478

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail