Асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево

Викендов, општина Василево изведуваше градежни активности во населеното место Василево, каде беше асфалтиран дел од улицата покрај Домот на културата во населеното место Василево.

Информацијата за активноста, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,

ја сподели и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Непристојните услови кои ги имаа граѓаните од овој дел на Василево, се решени.

Општина Василево и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа, со домаќинско работење решава децениски проблеми на граѓанит“, напиша градоначалникот Андонов кој  го притоа најави  континуитетот во градежнмите активности во интерес на граѓаните на општина Василево:  Продолжуваме со решавање на дециниските проблеми затоа што граѓаните заслужуваат подобра општина Василево. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во следните населени места: Василево, Чанаклија, Градошорци, Ангелци, Седларци, Дукатино, Сушево, Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала, Пиперево.

Дадениот збор пред граѓаните се исполнува Продолжуваме за нашата општина Василево, потенцира Андонов.

Улицата која се асфалтираше е во должина од 65 метри и ширина од околу 3 метри, односно 200 м2 асфалт.  За нејизна реализација општина Василево од сопствениот Буџет обезбеди 276 952 денари.

2_432x768 4_432x768 6_432x768

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail