„За прв пат е асфалтиран патот покрај амбулантата во Владевци. Проектот е реализиран во соработка со ЈПДП по иницијатива на општина Василево. Новата делница долга околу 500 метри е исполнување на едно долгогодишно барање на жителите на Владевци. Продолжуваме без застој и понатаму – со посветена работа и реализација на проекти за подобра инфраструктура во секое населено место“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, за финализирањето на една од тековните инфраструктурни активности во општина Василево. Во случајов тоа е делот од регионалниот пат Р 1403 кој во населеното место Владевци се поклопува со улицата. Конкретно трасата е на потегот од игралиштето, покрај амбулантата во правец на излез од населеното место. Должината е околу 500 метри, ширината 3,5 метри асфалт плус по еден и пол метар банкини од двете страни на улицата. Активноста е реализирана од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
Реализацијата на овој проект, за општина Василево и граѓаните на населеното место Владиевци значи подобрување на патната инфраструктура која значи квалитет плус во секојдневието на граѓаните кои се нејзини корисници.








