Викендов општина Василево бетонираше улица во населеното место Висока Маала, која води кон резервоарот за вода. Улицата е планирана со Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година и за истата средствата во висина од 607 078 денари се обезбедени од општинската каса. Должината на оваа улица изнесува 95 метри а ширината е 3 метри.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој споделувајќи ја информацијата за изградбата на оваа улица, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша „Денес се бетонира улица во Висока Маала. Оваа улица е мое ветување дадено пред граѓаните. Продолжуваме со решавање на децениските проблеми затоа што граѓаните заслужуваат подобра општина Василево“. Андонов најави континуитет во изградбата на улиците планирани за оваа година во населените места Василево, Чанаклија,ГрадошорциАнгелци Седларци Дукатино Сушево Добрашинци Нова Маала Пиперево, потсетувајќи дека „Дадениот збор пред граѓаните се исполнува“.





