Благодарница за општина Василево од ЗГ „Бигорски манастир, патот на црешовото топче“

Денес, во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше Матеј Сирачев, најмладиот коњаник, учесник во  Илинденскиот марш 2022 година, кој заедно со организторот на групата коњаници од Радово,  Виктор Сирачев, на градоначалникот му подарија Благодарница, за неговата поддршка, афирмација и негување на  традицијата и вредностите на Илинденскиот марш.

„Чест и задовослтво беше поддршката што како општина и Совет им ја дадовме на овие млади момчиња, кои ја негуваат традицијата и  на таков посебен  начин ја покажуваат љубовта кон татковината и им оддавата почит на илинденците, чии потомци сме сите ние“, изјави градоначалникот Андонов, ветувајќи им поддршка и за наредните години.

DSC_0631_1024x681 DSC_0641_1024x681

DSC_0634_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail