Почитувани верници од Православна вероисповед,
Од мое лично име и од име на општина Василево Ви го честитам големиот Христијански празник, Рождение Христово – Божиќ.
Деновите кога го славиме раѓањето Христово, посакувам позитивната мисла, искрената намера и надежта за општото добро да бидат ваши сопатници.
Многу здравје на сите Вас и вашите најблиски. Да сте ми сите живи и здрави и да му се радуваме на животот.
Честит Божиќ,
Општина Василево,
Градоначалник
Марјан Јанев





