Велигденска честитка од Градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, со видео обраќање на своите сограѓани  им упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Почитувани сограѓани
Христовото воскресение како најголем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на неговата милосрдност и бескрајна љубов. Упатувајќи срдечни честики на сите верници Ви посаувам среќни и благословени празнични денови исполнети со радост, среќа и благодат. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Велигден.
Христос Воскресна.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail