Велигденски турнир во Чанаклија

На Велигден,во недела,  во населеното место Чанаклија, под покровителство на општина Василево се одржа традиционалниот велигденски турнир во фудбал. Во чинот на доделување на наградите на најдобрите,  учествуваше и градоначаллникот на општина Василево, Славе Андонов,  кој споделувајќи ја информацијата за овој традиционален спортски настан на својот ФБ профил, напиша:  „По посетата на Радичево, продолжив во Чанаклија. Ги доделивме наградите на најдобрите екипи, на Велигденскиот турнир во голем фудбал во Чанаклија.Општина Василево ќе продолжи да вложува во спортот. Денот го поминав меѓу моите сограѓани, таму каде што ми е местото“.
Советот на општина Василево на својата последна седница донесе одлука за финансиска поддршка на овој турнир со износ од 30 000 денари.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail