Вечерва, 25.12.2025 година, со почеток во 18,00 часот, во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ќе се одржи Новогодишна хуманитарна приредба подфотвена од учениците и наставниците на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Картите по симболична цена од 100 денари можат да се купат во ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма а најсреќните ќе си заминат со подарок од богатата лотарија подготвена од организаторот.
Средствата собрани од продажбата на влезниците имаат хуманитарна цел – наменети се за помош на сограѓанинот Орце Димитров од Сушево.