Општина Василево викендов асфалтираше во Василево. Една од најфреквентните улици, улицата од поштата до повеќенаменското игралиште во Василево доби современо и квалитетно решение. Поставен е нов асфалтен слој во должина од околу 300 метри, ширината на коловозната лента е проширена и изнесува 5,5 метри, изградени се тротоари од двете страни на улицата како пешачки патеки за граѓаните, а осветлувањето е решено со канделабри.
Заради прибирање на атмосферските води, под улицата изградена е атмосферска канализација.
Средствата за оваа инвестиција се грант обезбеден од ИПА предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП ).
Изведувач на работите на терен е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.





