„Асфалтирана нова улица во Чанаклија која води до големото фудбалско игралиште. Денес ќе се асфалтираат уште две улици во Чанаклија“, оваа информација преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, притоа најавувајќи го континуитетот на асфалтирање на уште две улици во ова населено место планирани со годинешната Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални паишта и улици.
Согласно тендерската документација улиците се во должина од 170, 120 и 75 метри, а Буџетот за нивната реализација изнесува 1 551 600 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево.
„Продолжува градежната офанзива низ општина Василево – секој ден нови проекти, нови работни зони, нови причини за гордост! Летото во општина Василево е работно – со повеќе од 40 проекти кои се планирани за реализација во сите делови на општината! Од изградба и реконструкција на улици, преку изградба на канализационата мрежа до изградба на спортски терени и бетонски канали– работиме на сите полиња! Нашата цел е јасна: подобар живот за сите граѓани! Ова не е само работа – ова е визија која се претвора во реалност“,стои во објавата на градоначалникот Андонов, со која најавува период со интензивни активности и реализација на повеќе од 40 проекти во повеќе населени места со кои условите за живот за сите граѓани на општина Василево добиваат на квалитет.
Викендов се асфалтираше во населеното место Чанаклија



